ИнтернационалциФудбал

Поранешниот тренер на Пелистер седна на клупата на ЖФК Партизан

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели



Женскиот фудбалски клуб Партизан од Белград направи тренерска промена, откако ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб, Горан Никиќ. Од клубот му се заблагодарија за ангажманот и му посакаа успех во понатамошната кариера.

Нов предводник на белградскиот клуб е искусниот стратег Милан Стојаноски, добро познато име на фудбалската сцена како поранешен играч на Партизан. Новиот тренер на српскиот тим до пред неколку недели го водеше македонскиот прволигаш Пелистер.

Стојаноски зад себе има богата играчка кариера, во која како дел од „црно-белите“ настапуваше и во Лигата на шампионите, освојувајќи три шампионски титули и еден Куп. Во домашното првенство одигра речиси 300 натпревари и постигна 50 голови, а за репрезентацијата на Македонија забележа 27 настапи.

Како тренер со УЕФА Про лиценца, Стојаноски има искуство со повеќе клубови, меѓу кои ИМТ, Телептик, Зрењанин, како и македонскиот прволигаш Пелистер Битола.



Со неговото назначување, Партизан добива искусен фудбалски работник, а од клубот изразија големо задоволство што токму тој ќе ја предводи екипата во новата етапа од развојот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а сега сака и нова три бода против екипата на Скопје. Капитенот...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат со духот и се надеваат дека многу брзо ќе успеа да...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

Прва лигаФудбал

Бабунски: Очекуваме жестоко дерби со Шкендија, ќе одлучуваат нијанси

Актуелниот шампион Вардар е подготвен за надигрување и се надева дека ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!