Трета лигаФутсал

Влазерими и Тетекс ќе атакуваат на нови победи, Напредок го пречекува Доброшти!

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

12-тото коло во Третата лига – Запад ќе биде отворено со два натпревари в сабота, а ќе биде комплетирано в недела со останатите четири.

В сабота Напредок на домашен терен ќе се соочи против тимот на Доброшти, во меч каде некогашниот прволигаш од Кичево ќе атакува на четврто славје.

Ланскиот второлигаш како фаворит ќе гостува кај тимот на Камјани каде „штофарите“ атакуваат на само на трите бодови со цел да се зацврстуваат на првото место кое води кон баражот за Втора лига.

В недела Љуботен како домаќин ќе игра против Дрита во израмнет меч за освојување на целиот „плен“, некогашниот прволигаш Ренова ќе има навистина тешка задача против ланскиот вицешампион Џепчишти, каде гостинот ќе биде фаворит за трите бодови.

Последнопласираната Речица само триумф гледа како цел против Зајази. Екипата на Речица не тргна според очекуваното во тековнат асезона откако забележа само две победи и седум порази.

Ланскиот шампион Влазерими на домашен терен ќе го пречека тимот на Велазерими Слатино, каде домаќинот е фаворит за трите бодови, со што ќе прави притисок кон Тетекс за првото место и со тоа нов бараж, кој би бил трет за Влазерими за можен пласман во Втора лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември, на Европското првенство во Скопје. Неговиот дуел со Санјин Алихоџиќ од...

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!