Ракомет

Јасухира блесна на дебито: „Среќен сум, но можам уште подобро“

Сподели
Сподели

Охрид продолжува со одличната форма и по триумфот во Битола, „гладијаторите“ запишаа уште една убедлива победа на домашен терен. Овојпат беше совладан Тиквеш со 37-20 (19-14), во натпревар во кој посебно внимание привлече дебито на новото засилување од Јапонија, Косуке Јасухира.

Јапонскиот интернационалец остави одличен прв впечаток, постигнувајќи 6 гола и забележувајќи дури 8 асистенции, а по натпреварот не го криеше задоволството од дебито и првите впечатоци од клубот и средината. Во изјава ексклузивно за Спортска Мрежа, Јасухира говореше за своето деби, адаптацијата и очекувањата до крајот на сезоната.

„Се чувствувам многу добро, ми се допаѓа градот, животот тука, фановите, атмосферата..и луѓето се многу добри. Ова беше моето деби за Охрид и многу сум среќен, иако мислам дека не играв со 100%..секако ми треба време да се привикнам на стилот на игра, но сепак се надевам дека ги оправдав очекувањата и дека ќе бидам сè подобар и подобар во остатокот од сезоната.”- изјави Јасухира за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Со ваков старт и позитивен пристап, Јасухира најавува дека ќе биде сериозно засилување за Охрид во продолжението од сезоната, во која „гладијаторите“ ќе се обидат да ја задржат високата позиција и да останат во трката за врвот.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја отвори новата сезона во Трета лига Регион 5, со што стартуваше...

Поврзани написи
Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!