Втора лигаФудбал

Фатмир Бафто го доби „жешкиот“ дуел меѓу Осогово и Шкендија Арачиново, Бењамин Ќерими на центарот во Тетово

Сподели
Сподели



Делегирани судиите кои ќе делат правда на утрешните натпревари од 24. коло на Втората македонска фудбалска лига.

Дерби натпревар ќе се игра во Кочани, каде ќе се соочат Осогово и Шкендија Арачиново, главен судија ќе биде Фатмир Бафто, а негови асистенти ќе бидат Мишо Ѓорѓиески и Горан Балески, а пак четврт судија ќе биде Дарко Котески.

Делегат на мечот ќе биде Борче Мирчески, а контролор ќе биде Ѓорги Карајанов, додека пак Кренар Шуку ќе биде комесар за безбедност на ФФМ.

Мечот во Кочани ќе биде реприза на баражот од минатата сезона, кога Шкендија Арачиново славеше во Кочани над Осогово за влез во Втора лига, кога исто така Фатмир Бафто беше главен арбитар.

Бењамин Ќерими ќе им суди на Тетекс и Преспа, а ќе му асистираат Горан Милошевски и Бесар Абудли, а пак четврт судија е Борче Павловиќ.

Столе Тошев ќе биде делегат на мечот, а контролор ќе биде Бурханедин Салихи.



Мечот во Македонска Каменица меѓу Каменица Саса и Охрид ќе го суди Ангелчо Ристов, а ќе му помагаат Давор Дишлиевски и Ване Дупкаров, а пак Спире Арсов ќе биде четврт судија.

Тони Николовски ќе биде делегат, а контролор ќе биде Сашко Ангелов.

Стојанче Стојанов ќе го суди мечот меѓу Новаци и Скопје, а негови помошници ќе бидат Роберт Црвенов и Александар Ајдаров, а пак четврт судија е Дарко Стојанов.

Благојче Тодоровски ќе биде делегат на оваа средба, а Љубе Ристевски ќе биде контролор.

Во Штип апсолутниот фаворит Брегалница ќе го пречека новиот третолигаш Големо Коњари, а правдата ќе ја дели Никола Петковски, а ќе му асистираат Александар Ѓурковски и Елена Соклевска Илиевски, а пак Или Никодиновски е четврти.

Мерсим Зендели е делегат, а контролор е Злате Лозаноски.



Бархиљ Ибраими ќе биде главен судија на „Цвај арената“ каде ќе се соочат Вардар Неготино и Детонит Плачковица, а помошници ќе бидат Хабиљ Љиворека и Метин Османи, а четврт судија ќе биде Нинослав Нанков.

Делегат ќе биде Нафил Смаиловиќ, а контролор е Аце Миноски.

На центарот во Гевгелија ќе биде Ангел Гелов кој ќе им суди на Кожуф и Слога Виница, а негови помошници ќе бидат Зоран Ангелов и Петар Манчев, а пак Јордан Јовановски ќе биде четврт судија.

Делегат на средбата ќе биде Никола Мицановски, а контролор Горан Ангелески.

Победа на домашен терен ќе игра против Беласица, а на центарот во Прилеп ќе биде Дејан Младеновски, а негови асистенти ќе бидат Виктор Здравев и Филип Тодоровски, а пак Ненад Тодоровски е четврт судија.

Слаѓан Божиновски е делегат, а контролор во Прилеп ќе биде Ацо Мацевски.

Сите натпревари ќе започнат во 15:30 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Чупиќ: ,,Во Нант мораме да покажеме вистински гард и став!”

Ракометарите на Вардар 1961 вечерва го играат петтиот натпревар во Лигата на шампионите, а пред нив е тешко гостување кај францускиот Нант. Домашниот...

Ракомет

Ѓорѓески верува во нов европски поход: „Да го повториме успехот од минатата сезона!“

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а со неа и желбата за нови незаборавни моменти, големи победи и уште еднаш исполнети трибини во...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Полет со сигурна победа над Вардар Бистренци, Младост и Лозар ги поделија бодовите

Екипата на Полет од Тремник забележа сигурна победа на гостувањето кај Вардар...

ФудбалФутсал

Бутел го „прегази“ Клими, со пет гола Форца го декласираше Јувентус Серава

Бутел однесе убедлива победа над Клими триумфирајќи на домашен терен со 6:0...

Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ: ВАР-интервенциите беа оправдани, судењето на одлично ниво во ПМФЛ И ВМФЛ

Судискиот одбор при Фудбалската федерација на Македонија изврши анализа на клучните судиски...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Без победник во Подареш, Струмешница убедлива против Слога, Василево со нова победа

Во неделата се одиграа натпреварите од 3. коло на Општинската фудбалска лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!