РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија против Босна и Херцеговина на 29 мај во Сараево

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Машката фудбалската репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Босна и Херцеговина на 29 мај , во рамки на официјалниот ФИФА термин предвиден за одигрување на контролни средби.

Дуелот ќе се одигра во Сараево, на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“, кој важи за еден од најпрепознатливите фудбалски објекти во регионот. Точниот термин за почетокот на натпреварот ќе биде дополнително одреден од страна на двете федерации.

Овој натпревар ќе претставува значајна проверка за избраниците на селекторот, кои ќе имаат можност да ја тестираат формата, тактичката подготвеност и составот против квалитетен противник. Ваквите контролни средби се од голема важност за градење на тимската хемија и подготовка за претстојните натпреварувачки предизвици.

Дополнителна тежина на натпреварот му дава фактот што репрезентацијата на Босна и Херцеговина веќе обезбеди пласман на Светското првенство 2026, што значи дека станува збор за селекција во одлична форма и со висок натпреварувачки ритам.

Се очекува интересен и квалитетен натпревар, кој ќе биде добра можност за македонската репрезентација да се наметне и да покаже напредок во пресрет на следните официјални обврски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Министерот Борко Ристовски на средба со претставниците на Европската џиу-џицу федерација

Министерот за спорт Борко Ристовски оствари средба со претседателот на Европската џиу-џицу федерација, Мајкл Корн, потпретседателката Дана Мортелманс и со претседателката на Македонската...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Војдан Стојановски испиша историја – првиот македонски кошаркар со 100 настапи во националниот дрес!

Војдан Стојановски стана првиот кошаркар во историјата на Македонија со 100 настапи во националниот дрес, но големиот момент го засени поразот од Кипар...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

(ФОТО) Македонија потклекна во завршницата – Кипар славеше и покрај одличната партија на Димитријевиќ!

Македонската кошаркарска репрезентација го запиша првиот пораз во втората претквалификациска фаза за...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Рајт: Возбуден сум што ќе играм пред македонската публика во Скопје

Мозес Рајт пристигна директно од авион во салата „Лазар Лечиќ“, каде веднаш...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!