ФудбалФутсал

Осогово со огромна победа го потврдува опстанокот, Форца го доби мечот со Кеги Моби, важен бод за Јувентус Серава

Сподели
ФОТО: КМФ Осогово
Сподели

Веќе сè е јасно во Првата футсал лига откако комплетирањето на 15. коло донесе резултати со што се става печат и на екипите кои ќе испаднат во Втора лига.

Во натпреварот кој живот значеше за Балкан, дебитантот загуби во Крива Паланка од Осогово со резултат од 12:8 – дури дваесет погодоци го решаваат натпреварот за опстанок.

Како победник излезе Осогово, но не само тоа, туку ланскиот финалист од Купот го потврдува опстанокот и за следната сезона.

Виктор Димков постигна дури пет погоди за Осогово, двојни стрелци беа Михаил Павловски и Бојан Иванов, а пак хет-трик забележа Кристијан Станојковски.

За гостинската екипа по двапати погодија Пајтим Реџепи, Фестим Балиќи и Јусуф Сулејмани, додека пак по еден гол имаа Хакан Умер и искусниот Таулант Исмаили.

Јувентус Серава стигна до гол бод во мечот со Бутел со што и овој тим веќе го потврдува опстанокот во елитата – исходот беше 2:2.

Гостинот преку двата гола на Исмаил Абдуловски најпрво во 32. минута го отвори резултатот, а во 37. минута стигна до 0:2. Сепак, Иван Крстевски им ја скрати радоста на гостите со два гола во 38. и 39. минута за конечни 2:2.

Во Куманово се одигра дерби меч на Форца и Кеги Моби каде ланскиот шампион со 9:5 беше подобар од велешкиот тим.

Стрелци на по три гола за Форца беа Руфат Чалафи и Берат Рамадани, а пак Артан Јунузи постигна два гола, а еден гол беше дело на Биљали Хасан. За гостинскиот тим во првиот дел погодија Бобан Дукадиновски и Стефан Димовски, а во вториот дел стрелаа Димче Андов, Марио Панев и Петар Левков.



До крајот остануваат да се одиграат три кола, а во игра се девет бодови, веќе во следното коло и официјално ќе се потврди испаѓањето на Балкан и Мал Ајакс, а тоа за овие две екипи ќе значи експресно враќање во Втора лига.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 КМФ Проект 15 15 0 0 131 26 +105 45
2 КМФ Кеги-Моби Велес 15 9 2 4 64 52 +12 29
3 КМФ Форца 2015 15 9 1 5 111 74 +37 28
4 КМФ Шкупи 1927 ДОО 15 6 2 7 75 84 -9 20
5 КМФ Бутел 2022 15 5 4 6 52 64 -12 19
6 КМФ Клими Кавадарци 15 6 1 8 56 71 -15 19
7 КМФ Осогово 2022 Крива Паланка 15 5 3 7 74 103 -29 18
8 КМФ Јувентус Серава (-3) 15 6 2 7 75 81 -6 17
9 КМФ Мал Ајакс 15 3 1 11 62 85 -23 10
10 ФК Балкан 2017 / КМФ 15 3 0 12 81 141 -60 9



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23 над Луксембург, а вечерва ќе го добие првиот резултатски ориентир за...

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!