Трета лигаФудбал

Доброшти испука „петарда“, Џепчишти и Речица со убедливи победи!

Сподели
ФОТО: KF Recica 1979
Сподели

Денес со четири натпревари се комплетираше 11. коло од Третата фудбалска лига – Запад. Речина на гостински терен со 0:3 славеше убедлива победа над Велазерими Слатино, откако Зибери беше двоен стрелец, а еден гол беше дело на Шасивари.

Ланскиот вицешампион Џепчишти со 4:2 славеше висока победа над Љуботен, каде Ментор Саљиу беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Арлинд Алији и Дрин Рустеми. За гостинот Ивица Костадиноски и Теодор Стојанов беа стрелци, во вториот дел од мечот.

Доброшти со 5:0 славеше убедлива победа над Вардар од Брвеница, всушност ова беше и највисоката победа во рамки на оваа рунда. Бетим Етеми и Арјдан Шабани со два гола за 3:0 на полувреме, а во вториот дел Арбен Гафури и Бесник Ељмази беа стрелци за конечни 5:0.

Зајази на домашен терен однесе триумф над тимот на Камјани во меч со осум гола за конечни 5:3 и тоа победа со пресврт. Таир Таироски беше двоен стрелец за домаќинот во првиот дел, а пак за гостинот Арлинд Берзати беше двоен стреле, а еден гол постигна Рамадани Шерифи за 2:3 на полувреме.

Во вториот дел Шабан Ќерими постигна гол за 3:3, а до крајот на мечот Шќиприм Руфати и Лиридон Кадриу постигнаа погодоци за конечни 5:3.

Како што информираше вчера Спортска Мрежа Тетекс со 2:0 славеше над Ренова, а пак Дрита со 2:0 го доби Напредок од Кичево.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките на Македонија У20 осми на БВА квалификациите во Мостар

Женската репрезентација на Македонија до 20 години го заврши настапот на БВА зонските квалификации во Мостар на осмото, последно место, откако забележа пет...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Шапе ги одбра 14-те одбојкари: Македонија У20 тргна по европски предизвик

Машката репрезентација на Македонија до 20 години утринава отпатува за Софија, Бугарија, каде од утре до 29 август ќе настапи на БВА зонските...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Ораовица вечерва во знакот на женскиот фудбал: Околу 40 девојки играа под рефлектори

Во село Ораовица, Радовишко, вечерва успешно се одржа спортскиот настан посветен на...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: ЖФК Вардар – ЖФК Истатов

Следете го во живо натпреварот од првото коло меѓу Вардар и Истатов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!