Екипата на Балкан денес прокнижи нова победа откако во рамки на 6. коло на Втората футсал лига славеше над Кратово, во меч каде домашниот тим беше голем фаворит.
За домашниот тим Кадир Амза беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Ибрахим Алији, Џељал Мјаку и Енис Реџеп. За тимот на Кратово погодија Кевин Јакимов и Димитар Стојановски.
Неизвен меч вчера одиграа СЕЕ Университи и Кораби кој заврши со триумф за домашниот тим од 6:5, во натпревар каде за тетовскиот тим двојни стрелци беа Хисен Мемеди и Самир Рамадани, а по еден гол постигнаа Гезим Азизи и Ермал Љиворека.
За тимот од Дебар стрелци беа Октај Меќири, Бујар Поцеста, Дргим Каја, Валмир Ваитовски и Дарко Блажевски.
Вечерва Овче Поле го пречека Партизан Југ од Брвеница, утре Каршиака ќе игра со непоразениот Мал Ајакс, во понеделник Енхалон против Победа од Прилеп, а пак Конзули и ССК Скопје го затвараат колото во вторник.