Прва лигаФудбал

Работнички во налет кон директен опстанок – Пелистер и Македонија ЃП под силен притисок

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Работнички сериозно фати приклучок не само за бараж, туку и за директен опстанок во Првата лига. Иако во текот на зимската пауза тимот од Дебар Маало делуваше отпишано, одличната серија резултати го врати во игра и ја отвори реалната можност за спас без бараж натпревар.

„Романтичарите“ за првпат сезонава врзаа три победи во низа и стигнаа до шестиот триумф, со што направија вистинско „враќање од отпишаните“. Со 22 освоени бодови, Работнички сега е на само шест бода од седмото место кое гарантира директен опстанок, што дополнително ја подгрева надежта во таборот на скопскиот тим.

Ваквиот подем на Работнички директно влијае врз конкурентите за опстанок, на кои сериозно им се комплицира ситуацијата. Особено под притисок се Пелистер и Македонија ЃП, на кои веќе им „гори под нозете“.

Пелистер во недела ќе мора да најде начин да стигне до три бода, додека Македонија ЃП утре има тешка задача против шампионот Шкендија, каде победата станува императив.

Ако се погледне формата во последните пет натпревари, Работнички е убедливо најрасположен од екипите кои се борат за опстанок – со четири победи и само еден пораз. За разлика од нив, конкурентите се далеку од посакуваното ниво.



Пелистер нема победа во последните пет кола (три ремија и два порази), Македонија ЃП има три порази, едно реми и една победа, додека Арсими е во серија од три порази, со по едно реми и победа. Брера Струмица исто така не блеска – со еден триумф, две ремија и два порази во низа.

Од екипите за опстанок, најсигурно делува Башкими, кој е шести со 32 бода. Доколку ја оправда фаворитската улога во следниот натпревар против идниот второлигаш Шкупи, кумановци би можеле да стигнат до 35 бода и дополнително да се зацврстат во сигурната зона.

Во меѓувреме, Тиквеш веќе сигурно чекори кон директен опстанок. Тимот од Кавадарци е петти со 36 бодови и во одлична форма, со четири последователни победи, при што постигнува голем број голови и испраќа јасна порака дека е далеку од зоната на ризик. Тиквеш веќе не само што го обезбедува директниот опстанок туку ќе го напаѓа четвртото место на Силекс.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!