Младински фудбалФудбал

Младинскиот дуел на градските ривали му припадна на Вардар

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Вардар и Работнички се соочија и во натпревар од 20. коло во Младинската Супер лига.

Вардар забележа победа од 3:1 и на градскиот ривал му го нанесе вториот пораз во низа откако викендов, Работнички на домашен терен беше совладан од лидерот АП Брера.

Надежите на градските ривали одиграа квалитетен натпревар во кој беа постигнати четири гола, а серијата погодоци ја отвори младинскиот репрезентативец Иво Марковски кој му донесе водствот на Вардар веќе во 15. минута.

Во 31-та Андреј Цветковски беше стрелец на вториот гол за Вардар, а во 74. минута Фуад Керими го постигна единствениот погодок за Работнички.

Конечниот резултат го постави Бљерон Бајрами кој меѓу стрелците се впиша на пет минути пред крајот на средбата.

Водечката екипа на табелата, АП Брера на домашен терен триумфираше над Шкендија Тетово со 6:0. Двоен стрелец за Струмичани беше Иван Шириќ, а по еднаш прецизни беа Матеј Сејменов, Мартин Ѓорѓиев, Бојан Велков и Марио Митев.

Четвртопласираната Македонија ЃП на гостувањето против Башкими забележа победа од 4:2, Охрид Лихнидос како гостин го совлада Скопје со 6:0 додека Шкупи во Гостивар славеше над Арсими со 5:0.



Тетекс и Струга Трим Лум постигнаа по еден погодок во дуелите против штипска Брегалница и Њу Старс.

Најубедливата победа ја забележа Пелистер кој триумфираше над Тиквеш со 8:0, а мечот го одбележа Јован Мрмачовски кој три пати се запиша во листата на стрелци.

По 20 одиграни кола, АП Брера води со 58 бода, девет повеќе од Вардар, Работнички има 48 додека на четвртата позиција е Македонија ЃП со 44.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пројковска на центарот во Радовиш, Јовановски ќе им суди на Саса и Новаци, Ѓоргиев оди во Струмица

Со седум натпревари в сабота ќе се отвори 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори в недела со еден...

Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада Работнички со 4:1 и го преземаа водството на табелата во оваа...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Брегалница Делчево со интензивни подготовки за дербито со Овче Поле

Екипата на Брегалница од Делчево интензивно се подготвува за неделното дерби со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!