Екипата на Брегалница од Делчево интензивно се подготвува за неделното дерби со Овче Поле кое се игра на Градскиот стадион во Делчево.
Ова ќе биде вистински тест за амбициите на Овче Поле, дали и колку е подготвен да го преживее тешкото гостување во Делчево, а пак Брегалница ќе оди по триумф и сезоната да ја заврши на петтата позиција бидејќи веќе има седум бодови негатива од четвртото место каде што е Хоризонт Турново.
„Тренинзите се одвиваат континуирано во текот на целата седмица и момците се подготвуваат за следниот дерби натпревар во недела дома против Овче Поле“, велат од некогашниот прволигаш од Делчево.
