По 16 одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Југ продолжува борбата за кој да биде најдобар стрелец. Неколку фудбалери се израмнети и од коло во коло може да има промена на самата листа на најдобри стрелци.
Засега најдобар стрелец во ТМФЛ – Југ со постигнати 16 погодоци е фудбалерот на Ултрас, Бобан Тошески, додека пак на второто место е фудбалерот на Борец, Илхан Имеров со постигнати 15 погодоци.
Трет најдобар стрелец е Теодор Мирчевски од екипата на Борец со 13 погодоци, а пак Петар Ристовски за тимот на Венец постигна 11 погодоци.
Тројца фудбалери имаат постигнато по десет погодоци – Слободан Дуков (Росоман), Кристијан Маневски (Превалец) и Пеце Стојанов (Тополка)
По осум гола постигнаа Мартин Деркоски (Младост), Дарио Наумовски (Ултрас) и Милан Чичевски (Борец).
Тројца фудбалери си имаат постигнато автогол – Благојче Ефтинџиоски (Бучин), Ивица Мијајлески (Младост) и Александар Трајков (Венец).