Втора лигаФудбал

Охрид без голманот Серафимов против Вардар Неготино, Брегалница без капитенот Коцев во Ресен

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

В сабота на програмата ќе бидат мечевите 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а поради пет акумулирани жолти картони осум фудбалери нема да може да настапат за своите екипи.

Охрид ќе биде без голманот Дамјан Серафимов и стандардниот Наумче Бакрачески против Вардар Неготино, кој пак на „Билјанини Извори“ доаѓа без Ѓорѓи Шишков.

Брегалница во Ресен ќе патува без капитенот Стефан Коцев и Ристе Темелков, откако двајцата фудбалери стигнаа до бројката од пет жолти картони, а тоа значи автоматски еден меч пауза.

Големо Коњари за соочување со Победа ќе биде без Илчо Митрески, а пак Победа без Кристи Крајоски. Овој викенд нема да може да настапи и фудбалерот на Тетекс Алтин Нурединовски, па „штофарите“ без негови услуги одат во Струмица кај Беласица.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пројковска на центарот во Радовиш, Јовановски ќе им суди на Саса и Новаци, Ѓоргиев оди во Струмица

Со седум натпревари в сабота ќе се отвори 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори в недела со еден...

Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада Работнички со 4:1 и го преземаа водството на табелата во оваа...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада...

Младински фудбалФудбал

Младинскиот дуел на градските ривали му припадна на Вардар

Вардар и Работнички се соочија и во натпревар од 20. коло во...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Брегалница Делчево со интензивни подготовки за дербито со Овче Поле

Екипата на Брегалница од Делчево интензивно се подготвува за неделното дерби со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!