КупФудбал

Два прволигаши и два второлигаши во полуфиналето од Купот на Македонија

Сподели
Сподели

Два прволигаши и два второлигаши ќе се борат за влез во големото финале од Купот на Македонија, а освојувањето на Куп титулата значи и билет за излез во Европа односно играње во квалификациите за Конференциска лига на УЕФА.

Токму затоа борбата за полуфиналето за влез во финалето ќе биде голема, а досега има две големи изненадувања.

Во полуфиналето ќе се соочат второлигашот Охрид против прволигашот Силекс. „Рибарите“ за првпат обезбедија полуфинале со што веќе испишаа клупски успех, а сега налетаа на тимот од Кратово кој во минатото трипати го освојуваше Купот на Македонија.

Првата Куп титула тимот од Кратово ја освои во далечната 1994 година, а втората во 1997 година, потоа чекаше долги години за да ја освои третата Куп титула во 2021 година.

Силекс двапати играше и финале – 1995 и 2022 година.

Охрид во полуфиналето стигна откако го елиминираше бранителот Вардар преку пенал рулетот, а пак Силекс убедливо го доби второлигашот Детонит Плачковица.



Во вториот полуфинале дуел ќе се соочат второлигашот Шкендија Арачиново и Шкендија од Тетово. Тимот од Арачиново веќе испиша клупски успех пласирајќи се во полуфиналето, каде ќе се обиде да направи ново изненадување против далеку поквалитетен тим, бидејќи актуелниот шампион во ПМФЛ ќе важи за голем фаворит.

Шкендија зад себе има две Куп титули освоени во 2016 и 2018 година, а тетовци дури трипати беа поразени во финалињата – 2006, 2013 и 2017 година.



Доколку Шкендија ја освои Куп титулата, а притоа заврши на второто место или пак ја одбрани шампионската титула, тогаш третопласираната екипа ќе обезбеди излез во Европа, во случајот тоа ќе биде Струга, која беше елиминирана токму од Шкендија.

Екипата на Шкендија Арачиново место во полуфиналето обезбеди откако го исфрли прволигашот Работнички во четвртфиналето.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пројковска на центарот во Радовиш, Јовановски ќе им суди на Саса и Новаци, Ѓоргиев оди во Струмица

Со седум натпревари в сабота ќе се отвори 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори в недела со еден...

Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада Работнички со 4:1 и го преземаа водството на табелата во оваа...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада...

Младински фудбалФудбал

Младинскиот дуел на градските ривали му припадна на Вардар

Вардар и Работнички се соочија и во натпревар од 20. коло во...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Брегалница Делчево со интензивни подготовки за дербито со Овче Поле

Екипата на Брегалница од Делчево интензивно се подготвува за неделното дерби со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!