Кошаркарската федерација на Македонија на достоинствен и емотивен начин им оддаде почит на двете долгогодишни репрезентативки, Анџелика Митрашиновиќ и Нена Трајчевска, кои го затворија своето поглавје во националниот дрес.
Пред почетокот на натпреварот против Хрватска во салата „Градски парк“, двете кошаркарки добија симболично признание – врамени дресови кои ги носеа со години, како благодарност за нивниот придонес во женската репрезентација.
Анџелика Митрашиновиќ ја заврши својата кариера во текот на оваа сезона, по цели 15 години минати во сениорската селекција. Таа се прости како најдобар стрелец во последниот квалификациски циклус, каде бележеше просек од 17.3 поени, 9.7 асистенции и 7.7 скока. Во периодот од 2012 до 2027 година одигра 32 натпревари за сениорската репрезентација, со просек од 12.2 поени, 4 скока и 3.2 асистенции. Претходно, во младинските категории запиша уште 31 настап, оставајќи значаен белег и таму.
Од друга страна, Нена Трајчевска својата репрезентативна приказна ја започна уште во 2010 година како дел од кадетската селекција, а подоцна настапуваше и на неколку младински европски првенства. Дебито за сениорскиот тим го имаше во квалификациите за Евробаскет 2014, по што повторно се врати во националниот дрес во 2019 година.

Беше дел од репрезентацијата и во следните циклуси, вклучувајќи го и оној во 2023 година, а последните шест настапи ги запиша во минатогодишните квалификации, по што одлучи да се повлече. Зад себе остави 20 настапи за сениорската селекција и 22 во младинските категории.
Со својата пожртвуваност, лидерство и љубов кон дресот со државниот грб, Митрашиновиќ и Трајчевска оставија длабока трага во македонската кошарка.
Македонија им се заблагодарува – за срцето, борбата, посветеноста и гордоста што ја носеа на теренот.
Со седум натпревари в сабота ќе се отвори 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори в недела со еден...
Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада Работнички со 4:1 и го преземаа водството на табелата во оваа...
Ракометната федерација на Македонија продолжува со развојот на младинските категории, откако на...
Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 19 години, Димитар Капинковски, го...
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Хрватска (53:91) го...
Селекторот на репрезентацијата до 21 година, Горан Станиќ го објави списокот на...