Репрезентацијата на Данска ќе настапи со комбинација од искусни ѕвезди и млади адути на претстојниот бараж натпревар против Македонија за пласман на Светското првенство 2026, иако селекторот Брајан Ример се соочува со неколку значајни отсуства.
Данскиот стратег повика 25 фудбалери за овој исклучително важен предизвик, кој може да ја однесе селекцијата чекор поблиску до Мундијалот. Во тимот повторно главна улога ќе има Кристијан Ериксен, додека во нападот закана ќе претставува Расмус Хојлунд. Меѓу повиканите се и квалитетни имиња како Пјер-Емил Хојбјерг, Микел Дамсгард, Мортен Хјулманд, Густав Исаксен и Вилијам Осула.
Сепак, Данците ќе бидат значително ослабени, бидејќи поради повреди нема да настапат Каспер Шмајхел, Андреас Кристенсен и Доргу, додека Јоаким Андерсен отпадна поради суспензија од жолти картони. Поради тоа, на голот се очекува шанса да добие Мадс Хермансен.
Од македонска страна, селекторот Гоце Седлоски веќе го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за ова гостување.
Натпреварот меѓу Данска и Македонија е закажан за 26 март на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, каде што се очекува возбудлив и неизвесен дуел.