Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Тетово денес го одржа редовното годишно Собрание, а на кое се усвои годишната завршна сметка со позитивен биланс.
На редовното годишно Собрание од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) присутен беше Стојче Атанасовски.
ОФС Тетово во своето досегашно работење имал добра соработка со ФФМ, а истата соработка и поддршка од раководството на ФФМ со ОФС Тетово ќе продолжи и во иднина, а во насока на реализација на спортски активности на ОФС Тетово.




Исто така, беше истакната и медиумската поддршка која Спортска Мрежа ја дава со години особено во делот на афирмација на футсалот во Македонија, а во случајот на СЕЕ Университи, клуб кој се натпреварува во Втората футсал лига и цели кон влез во Првата футсал лига за следната сезона.
Спортска Мрежа продолжува посветана на македонскиот спорт за поддршка и медиумска афирмација, а во насока на одлична соработка и со ОФС Тетово.