Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно се прошета на гостувањето во Свети Николе каде го „збриша“ Овче Поле со 21:36, во меч од 18. коло.

Домашниот тим пружи отпор во првите петнаесетина минути игра, кога му парираше на искусниот тим од Богданци. Во 22. минута беше 10:11, а тогаш Младост започна да гради резултатска разлика кој го решаваше мечот.

На полувреме лидерот од Богданци кој не знае за пораз имаше 11:15, а во вториот дел четата на Горан Андоновски ја полнеше мрежата на домаќинот до конечни 21:36.

Александар Димитров со 11 гола беше прво име кај Овче Поле, а кај Младост со по седум гола се истакнаа Даниел Андоновски и Лазар Адамовиќ.

Драчево Јуниор имаше висока победа над гостувањето кај Партизан со резултат од 24:47. Победникот беше решен од самиот меч кога скопскиот тим не му дозволи ниту на момент на домаќинот да фати резултатски приклучок.

За Партизан прво име со пет гола беше Јован Гетов, а пак кај Драчево Јуниор осум гола имаше Михаил Цветановски, а седум постигна Филип Фидановски.



Екипата на Преспа доживеа нов пораз овој пат на домашен терен од Аеродром со резултат од 25:31 од тимот на Аеродром.

Гостинот од Скопје после петтата минута веќе започна резултатски да се одлепува и стекнатата предност само ја одржуваше во текот на мечот.

Христијан Ристевски беше најдобар стрелец за тимот од Ресен со 16 гола, но и тие не беа доволни за било за позитивен резултат, за гостинот прв стрелец беше Бојан Поповски со девет гола.

Тимот на Македонија ЃП пред верната публика стигна до победа од 40:29 над Јехона. За домашниот тим по осум погодоци постигнаа Михаел Тотиќ и Бојан Чакалиќ, а пак за гостинот од Гостивар очекувано Адис Салиу беше најдобар со 11 гола.

Вардар Неготино се реваншираше за пораз од Штип, откако го доби на домашен терен тимот на Текстилец УГД со убедливи 41:32. Од самиот почеток домаќинот најави дека ќе оди кон лесна и убедлива победа и тоа и се оствари.



Ѓорѓи Орешков и Наќе Ѓорѓиев беа најдобри стрелци за Вардар Неготино со по 11 гола, а пак за гостинот од Штип најдобар беше Лазар Стојанов со осум гола, а пак Јован Атанасовски имаше седум реализации.

Претходно, како што објави Спортска Мрежа сосема очекувано Мулти Есенс го декласираше Кичево со убедливи 55:20. Извештајот од тој меч е достапен овде.

Во однос на табелата на врвот е Младост, непоразениот лидер има 32 бодови, колку што има и Мулти Есенс кој е втор, но со тоа што скопскиот тим има меч повеќе.

Драчево Јуниор е на третото место со 26 бодови, а пак Вардар Неготино е на четвртото место со 24 бодови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар ја освои Битола и е на чекор од шампионската титула

Вардар 1961 извојува огромна победа во дербито на македонскиот ракомет, откако на...

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер...

Ракомет

Битола вечерва ќе гори – Вардар доаѓа како лидер, шампионот Еурофарм Пелистер без право на грешка!

Македонската ракометна јавност вечерва ќе биде насочена кон Битола, каде што Еурофарм...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!