Прва женска фудбалска лигаФудбал

Скопје на чекор од шампионска титула, Топ Гол се одлепи од дното во трката за опстанок!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Љуботен ја губи борбата за одбрана на титулата, Скопје е на чекор да ја освои истата, откако по 18 кола е на врвот со 51 освоен бод, а учинокот на тимот од Пржино е 17 победи и еден пораз, а пак актуелниот шампион Љуботен е втор со 43 бодови.

Ваквиот расплет ги зголеми апетитите на останатите екипи да се борат и за втората позиција, Тиверија Брера која е трет со 36 бодови, има седум бодови негатива од второто место, а пак Истатов е не четвртото место со 35 бодови. Во средината е доста израмнето една победа или еден пораз многу работи може да промени.

Во долниот дел од табелата битката за опстанок ја продолжуваат Топ Гол и Кочани, со тоа што битолскиот тим кој го доби дуелот со Кочани сега е на претпоследното место со три бода повеќе од Кочани кој е на дното со четири бодови.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ПРВАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК СКОПЈЕ 2014 18 17 0 1 49 6 +43 51
2 ЖФК ЉУБОТЕН 18 14 1 3 75 12 +63 43
3 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 18 12 0 6 38 21 +17 36
4 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 18 11 2 5 48 23 +25 35
5 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 18 11 0 7 51 18 +33 33
6 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 18 9 3 6 38 23 +15 30
7 ЖФК Вардар 2023 18 4 2 12 12 66 -54 14
8 ЖФК РЕЧИЦА 18 3 2 13 20 61 -41 11
9 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 18 2 1 15 14 45 -31 7
10 ЖФК КОЧАНИ 18 1 1 16 11 81 -70 4



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно се прошета на гостувањето во Свети Николе каде го „збриша“ Овче...

Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ сигурен кон баражот за Втора лига, поранешен второлигаш оди кон испаѓање во Општинска лига!

По 15 кола во Трета лига – Север тимот на Еуромилк ГЛ кој во минатото беше дел од фудбалската елита е на добар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!