Во Пржино нема бодови – лидерот Скопје забележа победа од 2:0 над Каменица Саса и чекори сигурно кон освојување на титулата во Првата женска фудбалска лига.
Мечот од 18. коло го решија Емили Митковска која погоди во 27. минута и Рабија Дервиши која стрелаше во 61. минута.
Трите бодови останаа во Струмица, откако Тиверија Брера со 3:0 славеше над струшки Ас Јунајтед. Резултатот беше отворен по десеттина минути игра на теренот со вештачка трева со автоголот на Валентина Далческа.
Неизвесноста беше до 78. минута кога Розита Пецева постигна гол за двојна предност, а пак во 87. минута Теона Галабовска ги постави конечните 3:0.
Шампионот Љуботен немаше проблеми и запиша победа од 3:0 над дебитантот Вардар. Улза Максути во 19. минута го отвори резултатот во Тетово, а во 30. минута Лаури-Ен Моисе постигна гол за двојна предност на шампионот по првите 45 минути. Во вториот дел Настасија Накова го постави конечните резултат од 3:0 со свој гол во 85. минута.
Претходно, како што објави Спортска Мрежа, тимот на Истатов со 0:3 ја доби Речица во гости.