Лидерот Еуромилк ГЛ забележа уште една убедлива победа, откако овој пат со 1:4 славеше над Фортуна како формален гости на својот терен, во рамки на 15. коло на Трета лига – Исток.
„Лисиците“ одиграа еден фантастичен меч со контрола на истиот од почеток од крај. Не требаше многу за тимот од Горно Лисиче да го отвори резултатот преку Кирил Ристовски во 16. минута, а потоа Андреј Јаневски и Орхан Мифтар погодија за 0:3 на полувреме.
Во вториот дел Фортуна преку Шуајб Рамани намали на 1:3 во 58. минута, а по две минути Мифтар со втор гол ги постави конечни 1:4 за нова победа над „лисиците“.

Мечот меѓу Башкими Љуботен и Аеродром заврши без победник и без погодоци (0:0), а пак тимот на Студеничани со голот на Адис Зекири од 22. минута славеше минимални 1:0 над Беса од Слупчане.
Беса Сарај слави гостинска победа од 1:3 над Лопати. Љавдрим Палику по само четири минути му донесе водство на тимот од Сарај од минимални 0:1, а дваесетина минути подоцна Ведат Бајрами погоди за 1:1 на полувреме.
На стартот од вториот дел Артан Чилафи постигна гол за 1:2, а во 66. минута Леутрим Таири ги постави конечни 1:3.
Екипите на Отља и Ржаничино ги поделија бодовите откако ремизираа играјќи 1:1. Мартин Лазев му донесе водство на гостинот во 20. минута од средбата, а пак Фатон Нуредини во 76. минута ги постави конечните 1:1.
Сигурна и висока победа имаше тимот на БВК Коњаре откако со 1:3 го доби некогашниот второлигаш Кадино во гости. Гезим Бакиевски постигна гол за предност од еден гол на гостинскиот тим.
Во вториот дел Руфат Чалафи погоди за 0:2, а Кадино преку Јусуф Мемедовски во 74. минута намали на 1:2. Сите дилеми за трите бодови ги реши Ертан Демири во 88. минута за 1:3.
Пчиња на домашен терен загуби од екипата на Куманово во меч со шест гола за конечни 2:4. За домаќинот погодија Христијан Стојчевски и Николче Стојановски во вториот дел, а за гостинот погодија Андреј Јовановски кој беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Матеј Стојковски и Кристијан Златковски.
На врвот на табелата е поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ со 43 бодови, втор е БВК Коњаре со 38 бодови, Аеродром е трет со 34 бодови, на дното е Кадино со пет бодови, Отља е претпоследна со шест бода.