РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Исејни: Задоволен сум од двете контролни средби со Летонија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентацијата до 16 години продолжува со серијата контролни натпревари преку кои селекторот Иљами Исејни има можност да ги избере најдобрите играчи кои во иднина ќе бидат дел од националниот тим кој ќе влезе во квалификациски циклуси за настап на натпреварувањата во организација на УЕФА.

Во текот на оваа недела селекцијата до 16 години во Скопје одигра контролни мечеви со репрезентацијата на Летонија. Учинокот беше половичен, на првиот забележавме победа од 2:1, а во вториот сме поразени со 2:0.

“Посебно сум задоволен од настапот во првиот натпревар, а делумно од она што го прикажавме во вториот. На првата средба игравме одлично доминиравме на теренот и заслужено стигнавме до победа. На вториот за жал не успеавме да победиме иако имавме неколку шанси кои не успеавме да искористиме. На секој собир шанса добиваат сите фудбалери кои се повикани, така беше и на овие две средби со Летонија”, изјави селекторот Исејни.

Селекторот во изминатиов период имаше можност да ги провери квалитетите на голем број играчи, а се со цел да се формира екипа која ќе биде конкурентна во претстојните квалификациски циклуси.

“На овој собир повикав шест-седум нови играчи за кои сметав дека треба да добијат шанса. Ова е селекција која во следниот период треба да влезе во натпреварувачки циклус и во овој подготвителен период постојано во составот имаме повеќе нови имиња кои имаат можност да се наметнат и да се изборат за место во националниот тим”, продолжи предводникот на националниот тим.

Исејни смета дека ова е најдобриот начин фудбалерите да ги покажат своите квалитети и преку натпревари со квалитетни противници да се изборат за место во репрезентацијата на Македонија.



“Од моментот кога е формирана оваа репрезентација продефилираа околу педесетина играчи. Низ овие контролни натпревари се издвоија петнаесетина фудбалери кои покажаа дека имаат квалитет да бидат дел од селекцијата која ја очекуваат настапи во квалификациите за Европските шампионати. Сигурно дека селекцијата не е затворена и очекувам во следниот период да се наметнат уште играчи и се надевам дека на располагање ќе имам квалитетен состав”, истакна Исејни.

Селекторот во следниов период ќе има нови натпревари за подигнување на квалитетот на репрезентацијата, а преку овие средби фудбалерите ќе имаат шанса да се стекнат со неопходно искуство за настап на меѓународна сцена.

“Шанса за докажување играчите ќе имаат и во следните месеци. Веќе во април сме домаќини на турнир на кој ќе настапат репрезентациите на Турција, Узбекистан и Северна Ирска. Тоа се исклучително квалитетни противници кои за нас ќе бидат огромен предизвик и шанса да покажаме дека оваа генерација може да бележи добри резултати. Потоа не очекува настап на турнирот “Миљан Миљаниќ” што ќе се одржи во Србија, а се надевам дека ќе успееме да обезбедиме уште неколку квалитетни натпревари. Се со цел овие момчиња што е можно подобро да се подготват за квалификациските циклуси што ги очекуваат во блиска иднина”, заврши селекторот Исејни.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. коло од шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи....

Прва лигаФудбал

Цуцули: Не очекува тежок натпревар против Шкендија, но мора да реагираме како тим

Екипата на Арсими  во рамки на 23. коло од Првата  Фудбалска лига ќе се соочи со Шкендија  во Тетово. Иако гостиварскиот тим е...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Дистрибуцијата на влезниците за баражот со Данска почнува в понеделник

Организаторот на бараж натпреварот за пласман на Светското првенство меѓу селекциите на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Летонците славеа во вториот дуел против македонската репрезентација до 16 години

Репрезентацијата на Летонија во вториот контролен натпревар ја совлада селекцијата на Македонија...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 поразена од Црна Гора во вториот контролен натпревар

Репрезентацијата на Македонија до 15 години го одигра вториот контролен натпревар против...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски подготвува освежен список – дебитантски повик за Фетаи, се враќа и Дориев

Новото поглавје во фудбалската репрезентација на Македонија под водство на селекторот Гоце...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!