Трета лигаФудбал

Лидерот Камјани со моќен старт атакува на Втора лига, Љуботен загуби од Доброшти во меч со девет гола!

Сподели
ФОТО: KF Kamjani
Сподели

Лидерот Камјани со убедлива победа од 6:1 над Дрита го отвори пролетниот дел во Трета лига – Запад и сигурно оди кон баражот за Втора лига.

Ова беше само една рутинска победа за тимот кој има амбиции следната сезона да игра во Втора лига. Хузри Џемаили постигна хет-трик за својот тим, Даут Даути беше двоен стрелец, а пак Ветон Бафтиари погоди во 48. минута.

За гостинската екипа единствен стрелец во високиот пораз беше Брендим Рушити кој погоди во 34. минута од средбата одигра во Камењане.

Трите бодови останаа во Брвеница откако Вардар со 3:1 славеше над кичевски Напредок. Одново искусниот Даниел Радески го реши натпреварот со два погодоци.

Радески по само една минута игра погоди за 1:0, а во 19. минута зголеми на 2:0. Во 32. минута гостинот од Кичево преку Осман Исмаили намали на 2:1 на полувреме.

Неизвесноста за трите бодови траеше до 87. минута кога Дејан Јанкулоски постигна гол за конечни 3:1.



Во единствениот меч без победник од 12. коло – екипите на Џепчишти и Влазерими од Кичево ремизираа играјќи 3:3.

Ментор Саљиу беше стрелец на сите три гола за домашната екипа, а за гостинот од Кичево стрелци беа Лабинот Елези, Дрилон Зендели и Леонтин Бајрами, сите погодоци беа постигнати во првиот дел.

Во меч со девет гола Љуботен беше поразен на домашен терен од Доброшти со 4:5. Арбен Гафури погоди за рано водство на гостинот по шест минути игра, а потоа домаќинот со два брзи гола на Филип Билбилоски направи пресврт од 2:1. Сепак, до крајот на првиот дел Агон Хазими со два погоди обезбеди водство за Доброшти од 2:3.



Во вториот дел Љуботен израмни на 3:3 во 51. минута преку Филип Димитриоски, а во 55. минута со трет гол Хашими донесе ново водство од 3:4 за Доброшти.

Следуваше ново израмнување за Љуботен преку Валентин Петровски во 82. минута, но голеадата продолжи, само една минута подоцна Хашими со четврт гол обезбеди 4:5 и славје за три бодови на стартот од пролетниот дел за Доброшти.

Вчера, како што веќе објави Спортска Мрежа екипата на Ренова славеше над Скендербеу, извештајот од овој меч е достапен овде.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш го декласира Шкупи со шест гола, хет-трик на расположениот Лусианињо

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и со убедливи 6-0 го совладаа тимот на Шкупи, продолжувајќи ја победничката...

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. коло од шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш го декласира Шкупи со шест гола, хет-трик на расположениот Лусианињо

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и...

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на...

Прва лигаФудбал

Цуцули: Не очекува тежок натпревар против Шкендија, но мора да реагираме како тим

Екипата на Арсими  во рамки на 23. коло од Првата  Фудбалска лига...

Прва лигаФудбал

Ислами: За Шкендија секој меч до крајот е како финале

По нерешениот резултат против АП Брера на домашен терен, и победата на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!