Денес на програмата се два натпревари од 22. коло на Првата македонска фудбалска лига, познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на истите.
Тиквеш на домашен терен ќе игра против Пелистер, а „братското дерби“ правдата ќе ја дели Јован Качевски, а ќе му помагаат Разме Бакрачевски и Климент Ристоски, а четврт судија ќе биде Благојче Ралевски.
Во ВАР собата ќе бидат Игор Стојчевски како ВАР судија и Дарко Видиниќ како АВАР судија. Оператор за повторување на снимка е Деан Стефков.
Делегат на средбата која стартува во 14 часот ќе биде Горан Михајловски, а пак контролор ќе биде Благој Шуклев.
Башкими на домашен терен ќе се соочи со Македонија ЃП, а правда ќе дели Димитар Пилешков, а ќе му асистираат Ристо Ѓоргиев и Мартин Дејаноски, додека пак Марјан Дејаноски ќе биде четврт судија.
Доне Ристовски ќе биде ВАР судија, а пак Тоше Ицев АВАР судија. Оператор за повторување на снимка ќе биде Матеј Димитриевски.
Делегат на натпреварот ќе биде Зоран Ѓорески, а пак контролор ќе биде Дејан Јакимовски.