Кошарка

МЗТ го доби дербито со Пелистер, ТФТ сигурен против Ангели, Тиквеш со важна гостинска победа

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Натпреварите од 17. коло во МТЕЛ Супер лигата донесоа интересни дуели и важни бодови во битката за врвот, но и за опстанок во елитното друштво. Победи остварија МЗТ Скопје Аеродром, ТФТ и Тиквеш Голден Игл.

Дербито на колото во СЦ „Јане Сандански“ му припадна на МЗТ Скопје Аеродром, кој го совлада Пелистер со 87:73. Дуелот долго време беше резултатски израмнет, а на полувремето домашниот тим имаше минимална предност од 42:41. Пелистер во третиот период накратко поведе со шест поени разлика, но „металците“ брзо се вратија во игра и во последната четвртина со серија поени го скршија отпорот на гостите. Најефикасен кај МЗТ беше МекКејден со 23 поени, додека Смит Мексвејн постигна 16, а Гил 15. Кај Пелистер се истакна Вилсон со 17 поени.

Лидерот на табелата, ТФТ, без поголеми проблеми славеше на гостувањето кај Ангели со убедливи 95:66. Домашниот тим парираше само во првата четвртина, но по паузата кошаркарите на ТФТ ја презедоа целосната контрола и со серија поени во третиот период ја обезбедија победата. Виктор Ташовски беше најдобар стрелец со 23 поени, додека Стојаноски запиша „дабл-дабл“ со 14 поени и 12 скока.



Важни бодови во борбата за опстанок освои и Тиквеш Голден Игл, кој како гостин го победи Феникс 2010 со 87:76. Клучниот момент се случи во третата четвртина кога кавадарчани направија одлична серија од 25:10 и создадоа двоцифрена предност. Иако Феникс се обиде да се врати во последниот период, гостите ја задржаа контролата и дојдоа до седмата победа во сезоната. Најефикасен кај Тиквеш беше Глигоријевиќ со 22 поени и 17 скока, додека Минси постигна 20, а Парсонс 19 поени.

Со овие резултати продолжува неизвесната битка и на врвот и во долниот дел од табелата во МТЕЛ Супер лигата.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш го декласира Шкупи со шест гола, хет-трик на расположениот Лусианињо

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и со убедливи 6-0 го совладаа тимот на Шкупи, продолжувајќи ја победничката...

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. коло од шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи....

Поврзани написи
Кошарка

Маџари убедлив против Кожув, Куманово со силна завршница го совлада Гостивар

Кошаркарите на Маџари и МКК Куманово остварија важни победи во новото коло,...

Кошарка

Чаир го совлада Работнички во драматична завршница, продолжи кризата на „црвено-белите“

Кошаркарите на Чаир 2030 остварија значајна победа над Работнички со 75:73 во...

КошаркаКошаркарска репрезентација

Прв тренинг на кошаркарките за мартовскиот ФИБА „прозорец“

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги започна мини подготовките во Скопје...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!