РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонските фудбалерки убедливи против Андора: Прва победа во квалификациите за СП

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Женската фудбалска репрезентација на Македонија ја забележа првата победа во квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство, откако на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола славеше убедливо против Андора со 3:0.

Фудбалерите на селекторот Александар Андов одиграа сигурен натпревар и со добра игра стигнаа до заслужени три бода. Резултатот го отвори Теона Галабовска во 17. минута по асистенција на Марковска, а само три минути подоцна следуваше и втор погодок. Овојпат Галабовска беше во улога на асистент, а Симона Мејер успешно ја зголеми предноста на 2:0.

Во продолжението од натпреварот нашата селекција ја контролираше играта и не му дозволи на противникот сериозно да се закани. Конечниот резултат беше поставен во 83. минута кога младата Меланија Грозданова постигна прекрасен погодок за конечни 3:0.

Трите голови на овој натпревар ги постигнаа млади фудбалерки кои се сметаат за иднината на македонскиот женски фудбал – 20-годишната Симона Мејер, 18-годишната Теона Галабовска и 17-годишната Меланија Грозданова.

ФОТО: Победничка фотографија | Селекторот Александар Андов со неговите фудбалерките

Селекторот на македонската репрезентација, Александар Андов, по натпреварот истакна дека е горд на своите избранички, според него најдоброто од овие фудбалерки допрва доаѓа.

Следниот предизвик за македонската селекција во квалификациите ќе биде дуелот против Унгарија, кој е закажан за 14 април.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно се прошета на гостувањето во Свети Николе каде го „збриша“ Овче...

Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ сигурен кон баражот за Втора лига, поранешен второлигаш оди кон испаѓање во Општинска лига!

По 15 кола во Трета лига – Север тимот на Еуромилк ГЛ кој во минатото беше дел од фудбалската елита е на добар...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Дистрибуцијата на влезниците за баражот со Данска почнува в понеделник

Организаторот на бараж натпреварот за пласман на Светското првенство меѓу селекциите на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Исејни: Задоволен сум од двете контролни средби со Летонија

Репрезентацијата до 16 години продолжува со серијата контролни натпревари преку кои селекторот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Летонците славеа во вториот дуел против македонската репрезентација до 16 години

Репрезентацијата на Летонија во вториот контролен натпревар ја совлада селекцијата на Македонија...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 поразена од Црна Гора во вториот контролен натпревар

Репрезентацијата на Македонија до 15 години го одигра вториот контролен натпревар против...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!