Втора лигаФудбал

Беласица убедлива над Големо Коњари во Струмица

Сподели
Сподели

Беласица очекувано славеше убедливо над Големо Коњари со 4:0 во меч со кој се комплетираше 18. коло на Втора лига.

Резултатот во Струмица го отвори новото засилување Ерион Шуку во 14. минута од мелот, а Стефан Сулев во 35. минута беше прецизен за 2:0 на полувреме.

Во вториот дел со втор гол на Шуку, екипата на Беласица стигна до предност од 3:0 во 61. минута. Конечниот резултат го постави Живко Крстев кој погоди за 4:0.

Со овој триумф Беласица стига до прв позитивен резултат во пролетниот дел, откако истиот го отвори со два минимални порази од Охрид и Скопје.



Со овие три бодови екипата на Беласица си врати на седмото место со 34 бодови, а Осогово сега се спушта нa осмото место со бод помалку, a eкипата на Големо Коњари останува на дното со четири бода.

Во следното коло Беласица ќе игра дерби во Радовиш со Детонит Плачковица, а Големо Коњари ќе биде домаќин на Шкендија Арачиново.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!