Ракомет

Тасески пред Купот: „Одиме натпревар по натпревар, фокусирани сме само на Тиквеш“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По стартот на плеј-оф фазата во македонската Супер Лига, ракометарите на ГРК Охрид, викендов ги продолжуваат обврските, но овојпат во рамки на Купот на Македонија. Охриѓани, како домаќини во Групата Б, ќе се соочат со познатиот ривал- ГРК Тиквеш 2014, во меч кој носи директна борба за пласман во финалето на групата.

Дуелот меѓу Охрид и Тиквеш се игра во петок (06.03) од 18:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“. Подобриот од оваа пресметка ќе обезбеди место во неделното финале во групата, каде ќе се соочи со победникот од натпреварот меѓу Куманово и Младост Богданци, кој ќе се игра во недела.

Системот е јасен – нема простор за поправен, па концентрацијата и пристапот од првата минута ќе бидат клучни за амбициите на тимот од Охрид.

Пикерот на охриѓани- Иван Тасески потенцира дека тимот размислува чекор по чекор, со целосен фокус на првиот натпревар. Според него, цврстата одбрана од самиот старт ќе биде основа за посакуваната победа и пласман во следната рунда, каде ќе го чекаат подобриот од другиот дуел во групата.

„Овој викенд ги играме натпреварите од групната фаза на Купот на Македонија. Одиме натпревар по натпревар, фокусирани сме на овој меч, со добра одбрана од самиот почеток на натпреварот да извојуваме победа и да го чекаме победникот од другиот натпревар.“- изјави Тасески.

ФОТО: ГРК Охрид

Куп-натпреварите секогаш носат дополнителна тежина и неизвесност, а за Охрид ова е можност да ја потврди стабилноста и сериозните амбиции уште на почетокот од елиминациската фаза. Првиот чекор е Тиквеш – сè друго ќе зависи од тоа како ќе изгледаат „рибарите“ во петок.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран денеска меѓу екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија Арачиново, домашната...

Поврзани написи
Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона,...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од...

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!