Натпреварите од 18. коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се одиграа денес, но мечот во Струмица меѓу Беласица и Големо Коњари ќе се одигра ден подоцна односно во среда.
Со овој меч ќе се комплетира 18. коло, а причината поради која овој меч наместо денес со останатите натпревари ќе се одигра утре, е поради тоа што Брера денес ќе го игра мечот со Струга Трим Лум на стадионот „Благој Истатов“, каде што Беласица ги игра домашните мечеви.
Денешните мечеви од 18. коло на ВМФЛ стартуваат од 14 часот.