Втора лигаФудбал

Игор Стојчевски ќе го суди дербито меѓу Шкендија Арачиново и Скопје, Доне Ристовски на центарот во Кочани

Сподели
ФОТО: Jagiellonia Białystok | Mariusz Piotrowski
Сподели

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од утрешното вонредно 18. коло во Втората македонска фудбалска лига.

Тетекс на домашен терен ќе се соочи со Брегалница, а за правдата во Тетово ќе биде задолжен Боби Величков, а негови помошници ќе бидат Роберт Црвено и Андреј Ќамилов, а пак четврт судија ќе биде Борче Павловиќ.

За делегат е одреден Христијан Димоски, а пак контролор ќе биде Драган Ристовски.

Бардхиљ Ибраими ќе им суди на Вардар Неготино и Новаци, а негови асистенти ќе бидат Идриз Идризи и Метин Османи, а пак четврт судија ќе биде Анге Гелов.

Делегат на овој меч ќе биде Дејан Тасески, додека пак за контролор е делегиран Илчо Јорданоски.

Кожуф на домашен терен ќе се соочи со екипата на Каменица Саса, а на центарот во Гевгелија ќе биде Ангелчо Ристов, покрај аут линиите ќе бидат Ване Дупкаров и Зоран Ангелов, а пак Јордан Јовановски ќе биде четврт судија.



Делегат на овој меч ќе биде Ивица Тасески, а пак контролор Зоран Костоски.

Марјан Дејаноски во Прилеп ќе дели правда каде ќе се соочат Победа и Преспа, а негови помошници ќе бидат Александар Николоски и Петар Арсовски, додека пак Дејан Младеновски ќе биде четврт судија.

Венцо Зафиров е делегат на овој натпревар, а контролор е Жарко Тодоровски.

Дербито на колото ќе се игра во Синѓелиќ каде Шкендија Арачиново ќе се соочи со Скопје, во директна пресметка на два конкуренти за директен влез во Прва лига.

Правдата ќе ја дели Игор Стојчевски, а ќе му асистираат Филип Ицковски и Дарко Видиниќ, додека пак четврт судија ќе биде Ненад Тодоровски.

Делегат на средбата ќе биде Зоран Перески, контролор ќе биде Ѓорги Карајанов, а пак комесар за безбедност ќе биде Славко Дукоски.



Осогово на домашен терен ќе игра против лидерот Охрид, а главен судија на овој меч кој ќе дели правда ќе биде Доне Ристовски, негови помошници ќе бидат Иван Танев и Стефан Митров, а четврт судија ќе биде Блаже Петковски.

Зоран Христовски е делегат на мечот во Кочани, а контролор ќе биде Дејан Неделкоски.

Во Виница ќе се одигра мечот меѓу Слога и радовишки Детонит Плачковица, а правдата ќе ја дели Здравко Костовски, а ќе му помагаат Богданчо Ѓеоргиев и Дејан Стоиков, а четврт судија ќе биде Спире Арсов.

Делегат ќе биде Нафил Смаиловиќ, а контролор ќе биде Душко Милошески.

Беласица ќе има лесна задача на домашен терен против последнопласираниот Големо Коњари и со тоа да запише прв пролетен триумф, а за правдата ќе се погрижи Никола Петковски, а негови помошници ќе бидат Станко Митровиќ и Тамара Цветановиќ, а пак четврт судија ќе биде Дарко Стојанов.

Делегат на мечот во Струмица ќе биде Бранко Богатинов, а контролор Марјан Петров.

Овој натпревар ќе се одигра ден подоцна во однос на останатите средби, бидејќи утре Брера ќе го игра мечот со Струга Трим Лум од 21. коло на Прва лига.

Сите натпревари од утрешното вонредно 18. коло на Втора лига ќе започнат во 14 часот, освен мечот во Струмица кој ќе се игра во среда.



Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Лидерот Скопје ја доби Саса, сигурни и убедливи победи Тиверија Брера и Љуботен

Во Пржино нема бодови – лидерот Скопје забележа победа од 2:0 над Каменица Саса и чекори сигурно кон освојување на титулата во Првата...

Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во гости, а во рамките на 13-тата рунда на Трета лига -Запад....

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Ибраими со мајсторски гол ѝ донесе победа на Шкендија против Арсими

Фудбалерите на Шкендија запишаа важна победа во 23. коло од Првата македонска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!