Прва лигаФудбал

Силекс го освои Кавадарци, „лавовите“ со бод од Гостивар

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Силекс запиша значајна гостинска победа во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига, триумфирајќи со 0-1 против Тиквеш на „Градскиот стадион“ во Кавадарци. Со новите три бода, кратовчани ја продолжуваат трката за самиот врв на табелата и се зацврстуваат во горниот дел од поредокот.

Гостите уште од стартот покажаа поголема иницијатива. Дарко Додев се закани во раната фаза од натпреварот, а Силекс контролираше поголем дел од играта во првото полувреме, иако мрежите мируваа по почетните 45 минути.

Клучниот момент се случи во 62. минута. По одлична тимска акција на мал простор, Мирчевски и Додев комбинираа прецизно, а топката стигна до Мигел Пиреш кој излезе сам пред голманот и рутински погоди за 0-1. Португалецот уште еднаш ја потврди својата важност во офанзивната линија на кратовскиот состав.

Во финишот, Тиквеш тргна по израмнување. Стојанов се закани со удар со глава, а домаќините постигнаа и погодок кој беше поништен поради офсајд. Во судиското продолжение Лавал имаше одлична можност, но голманот Џеков интервенираше сигурно и го сочува водството на својот тим.

Со оваа победа, Силекс стигна до 38 бода и останува во сериозна конкуренција за излез во Европа, додека Тиквеш останува во долниот дел од табелата.



Во Гостивар, пак, Арсими 1973 и Македонија ЃП ги поделија бодовите играјќи 1-1. „Лавовите“ поведоа во 35. минута преку Огузан Ајдоган по грешка на домашната одбрана, но радоста траеше кратко. Само три минути подоцна Армин Бесагиќ со одличен удар од дистанца израмни на 1-1.

Во вториот дел Македонија ЃП беше поофанзивна, додека Арсими се закануваше од прекини и контранапади, но до крајот резултатот не се менуваше. Со освоениот бод, гостите остануваат во битката за опстанок, додека Арсими ја задржува позицијата во горниот дел од табелата.

Колото донесе возбудливи пресметки, а Силекс направи чекор напред во амбицијата за европски пласман, додека борбата за секој бод продолжува со засилено темпо во завршницата од шампионатот.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Маџари со триумф над Победа, Кадино го декласираше Ускуп со осум гола

Деветтата рунда на Четвртата лига РФС 1 во Гази Баба донесе две минимални победи, еден убедлив триумф со осум гола, а еден меч...

ФудбалЧетврта лига

Горски слави триумф над Плавник, Форца Нова убедлива, минималец за лидерот Раштани Спорт

Осмото коло на Општинската фудбалска лига на Велес донесе погодоци на сите мечеви, само една гостинска и четири домашни победи. Со голот на...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари со триумф над Победа, Кадино го декласираше Ускуп со осум гола

Деветтата рунда на Четвртата лига РФС 1 во Гази Баба донесе две...

ФудбалЧетврта лига

Горски слави триумф над Плавник, Форца Нова убедлива, минималец за лидерот Раштани Спорт

Осмото коло на Општинската фудбалска лига на Велес донесе погодоци на сите...

ФудбалФутсал

ПРОЕКТ НЕ ЗНАЕ ЗА ПОРАЗ! Шампионот ја покори и Форца, Јосифово слави – шест од шест и моќна порака во битката за одбрана на двојната круна!

Неверојатна победничка серија има македонскиот футсал шампион Проект, вечерва во Гевгелија тимот...

ФудбалФутсал

Вечерва Кочани слави голема победа: Фудбал Старс Ауто Велт со 12 гола со сруши лидерот Каршиака, Балкан го освои Штип

Лидерот во Втората футсал лига вечерва го доживеа првиот сезонски пораз откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!