Трета лигаФудбал

Борец со три млади засилувања ќе напаѓа влез во Втора лига

Сподели
ФОТО: ФК Борец
Сподели

Некогашниот прволигаш Борец од Велес промовираше три нови засилувања, со кои ќе се обиде најпрво да го потврди првото место во Трета лига – Југ, а потоа преку бараж да се врати во Втората македонска фудбалска лига.

Велешани минатата сезона експресно испаднаа од Втора лига, а сега се обидуваат одново да се вратат во второлигашкото друштво.

Нови имиња во третолигашот од Велес се повратниците Стефан Филиповски и Трајче Костадинов, а ново име е и Никола Димов.

Филиповски има 20 години, доаѓа од редовите на второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш, тој е повратник во Борец, а во минатото беше дел и од Кул Здравје.



Костадинов кој и во минатото беше дел од Борец има 17 години, доаѓа од младинскиот погон на Тиквеш, потекнува од школата на Борец, а има настапува во младинските категории и на ФК Кул Здравје.

Димов кој има 21 година во Борец пристигна од Росоман, а тој веќе утре ќе го има дебито против поранешниот клуб. Инаку, низ кариерата овој млад фудбалер настапуваше и за Марена и младинските категории на Тиквеш.

Борец веќе утре на домашен терен ќе игра против Росоман, тоа ќе биде важен дерби дуел на кој само три бодови е цел.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!