Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал стартуваше со триумф на клупата на Македонија, падна Луксембург во Скопје

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Новиот селектор Берокал дебитираше со победа против Луксембург. Во третиот натпревар од групата „А“ во претквалификациите за Евробаскет 2029, машката репрезентација на Македонија оствари убедлива победа против селекцијата на Луксембург.

Со овој триумф, „црвено-жолтите“ остануваат со максимален ефект по три кола – три натпревари и три победи, што ги задржува на лидерската позиција во групата.

Нашата селекција уште во првото полувреме изгради сигурна предност (44:32). Тимот прикажа стабилна игра во нападот, со солидна реализација за два поени (12/19 – 62%), додека за три поени шутираше 5/15 (33,3%). Беа запишани и 11 асистенции, а најмногу – шест, имаше Марин Петков.

По паузата, Македонија ја зголеми разликата и на +20 (54:34), но гостите успеаја да намалат до крајот на третата четвртина (59:49). Сепак, нашите кошаркари не дозволија неизвесна завршница – ја задржаа контролата и мирно го приведоа натпреварот до конечна победа.

Андреј Јакимовски беше најефикасен со 17 поени, дополнети со седум скока и четири асистенции. Ефремовски внесе свежина од клупата и натпреварот го заврши со 13 поени. Повратникот во националниот тим, Етан Хап, оствари дабл-дабл учинок од 15 поени и 14 скока.

Следниот натпревар Македонија ќе го одигра на 2 март во Баку против репрезентацијата на Азербејџан, во обид да ја продолжи победничката серија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пројковска на центарот во Радовиш, Јовановски ќе им суди на Саса и Новаци, Ѓоргиев оди во Струмица

Со седум натпревари в сабота ќе се отвори 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори в недела со еден...

Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада Работнички со 4:1 и го преземаа водството на табелата во оваа...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со нов чекор: формирани У-13 и У-15 селекции, Миркуловски и Матлиески ќе бидат селектори

Ракометната федерација на Македонија продолжува со развојот на младинските категории, откако на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификацискиот турнир во Холандија

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 19 години, Димитар Капинковски, го...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со пораз од Хрватска ги заврши квалификациите за ЕП 2027

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Хрватска (53:91) го...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

(ФОТО) Емотивно збогување: Македонија им се заблагодари на Митрашиновиќ и Трајчевска

Кошаркарската федерација на Македонија на достоинствен и емотивен начин им оддаде почит...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!