Кошарка

„Соколите“ амбициозно „летаат“ кон Суперлигата – Даниел Нацевски нов адут во Штип

Сподели
ФОТО: КК Соколи
Сподели

Штипските „соколи“ сериозно го засилуваат ростерот во клучниот дел од сезоната. Во борбата за пласман во Суперлигата, редовите на КК Соколи ги засили Даниел Нацевски, кој пристигнува од составот на суперлигашот Маџари.

Станува збор за кошаркар висок 195 сантиметри, кој покрива бековски позиции, односно може да одговори на улогите „два“ и „три“. Од клубот истакнуваат дека Нацевски се одликува со сигурен шут од дистанца, добра атлетичност и цврста скок-игра, квалитети кои треба да донесат дополнителна широчина и разновидност во нападот на штипскиот тим.

Засилувањето доаѓа во момент кога Соколи веќе го започнаа плеј-офот во Првата лига со убедлива победа на гостувањето кај КК Охрид (55-75), со што најавија дека сериозно атакуваат на место во елитата.

Во следното коло штипјани ги очекува дерби-пресметка против КК Мега Баскет на домашен терен, натпревар на кој се очекува и дебито на Нацевски во новиот дрес.



Борбата за врвот е исклучително неизвесна. Дури шест екипи – Струмица, Соколи, Бутел, Мега Баскет, Вардар и Борец – имаат по 11 бодови, додека Водно Санс и Охрид се со по девет, што најавува драматична завршница во трката за Суперлигата.

Со новата аквизиција, Соколи јасно испраќаат порака дека немаат намера да се задоволат со споредна улога, туку дека максимално ќе атакуваат на влез меѓу најдобрите.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Шкендија со минимална негатива пред реваншот во Самсун

Македонскиот шампион Шкендија го загуби првиот натпревар од плејофот во УЕФА Конференциска лига против Самсунспор со 0-1 и со гол заостанување ќе патува...

Останато

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски стана првак со Тексас Универзитет откако во финалето го совладаа Охајо Стејт Универзитетот со 4:2 во рамки на...

Поврзани написи
Кошарка

Скопско дерби на Бутел и Вардар, Струмица со лесна задача, тешка пресметка во Штип

Возбудувањата во Првата македонска лига продолжуваат овој викенд со натпреварите од второто...

Кошарка

Општина Охрид со силна поддршка за кошарката – 5 милиони за ГКК Охрид

Општина Охрид со силна финансиска поддршка и за кошарката, со што се...

Кошарка

Сè е подготвено во Македонска Каменица за Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција

Македонска Каменица на 21 и 22 февруари ќе биде центарот на женската...

Кошарка

МЗТ Скопје ја продолжи Куп-доминацијата – го совлада МКК Куманово во финалето за 14. пехар во витрините

МЗТ Скопје уште еднаш потврди зошто е водечка сила во македонската кошарка,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!