Ракомет

Шампионот со нов ,,ѕид” на шест метри

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер продолжува со засилувањата за клучниот дел од сезоната. Битолчани го ангажираа хрватскиот репрезентативен кружен напаѓач Никола Граховац, со што ја пополнија празнината по заминувањето на Мохамед Калед Валид на стартот од годината.

27-годишниот пивотмен стави потпис на договор до крајот на сезоната, со можност за продолжување и за наредната. Граховац во Битола пристигнува од германскиот бундеслигаш Вецлар и веднаш ќе му се стави на располагање на стручниот штаб.

Со своите 201 сантиметар височина, Граховац важи за модерен прототип на кружен напаѓач – силен во дуел играта, стабилен во одбрана и сигурен реализатор од шест метри. Европското искуство го стекнувал настапувајќи во Лигата на шампионите со РК Загреб и Веспрем, а неговите ракометни почетоци се поврзани со Дубрава.

Граховац е стандарден член на хрватската репрезентација, со настап на Европското првенство 2022 година, како и учесник на Олимписките игри 2024. Со јуниорската селекција на Хрватска во 2016 година стигна до европско сребро, што дополнително говори за неговиот квалитет и континуитет на високо ниво.



Ангажманот на Граховац носи стабилност на позицијата пивот, особено во пресрет на завршницата од домашните и европските предизвици. Со неговото доаѓање, Пелистер добива цврстина во одбраната и дополнителна опција во нападот – фактор кој може да биде пресуден во натпреварите со висок интензитет.

Со новото засилување, шампионот испраќа јасна порака дека амбициите остануваат високи до самиот крај на сезоната. Никола Граховац до крајот на неделата ќе биде официјално претставен пред јавноста, а битолската публика со нетрпение ќе го очекува неговото деби во зелено-белиот дрес.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Шкендија со минимална негатива пред реваншот во Самсун

Македонскиот шампион Шкендија го загуби првиот натпревар од плејофот во УЕФА Конференциска лига против Самсунспор со 0-1 и со гол заостанување ќе патува...

Останато

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски стана првак со Тексас Универзитет откако во финалето го совладаа Охајо Стејт Универзитетот со 4:2 во рамки на...

Поврзани написи
Ракомет

Висла Плоцк ја однесе победата од Битола – Еурофарм Пелистер останува во тешка битка за нокаут-фазата

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер не успеа да направи изненадување против полскиот првак...

Ракомет

„Патуваме со предност, но без право на опуштање“ – Прибетиќ пред битката со Дукла

Со предност од девет голови од првиот натпревар во „Билјанини Извори“, ГРК...

Ракомет

Убедлива победа за Вардар Неготино против Кичево во Охрид!

Вечерва се комплетираше 15. коло во Првата ракометна лига односно првата пролетна...

Ракомет

По Бутел, мислите кон Прага – Петриќ: „Не смееме да се опуштиме“

Ракометарите на ГРК Охрид успешно ја одработија обврската во Супер лигата меѓу...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!