Ракомет

По Бутел, мислите кон Прага – Петриќ: „Не смееме да се опуштиме“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид успешно ја одработија обврската во Супер лигата меѓу двата европски предизвици и запишаа сигурна победа над Бутел Скопје со 33-28.

Со новите бодови охриѓани остануваат во ТОП 3 со 35 освоени бодови, задржувајќи го ритамот во згуснатиот распоред кој ги очекува овој период.

Иако без Ѓукиќ и Лиапис, „гладијаторите“ не дозволија изненадување. Бутел подобро го отвори натпреварот и во првите петнаесетина минути диктираше темпо, но клучниот период беше финишот на првото полувреме. Гостите почнаа да грешат, а избраниците на Борис Ројевиќ тоа знаеја да го казнат и на пауза заминаа со солидна предност од 17-11.

Во вториот дел Охрид стигна и до двоцифрена предност, но гостите не се предадоа и успеаја да ја намалат разликата. Сепак, победата ниту во еден момент не беше доведена во прашање.

По натпреварот, левиот бек на охриѓани- Стефан Петриќ, во изјава за Спортска Мрежа, истакна дека заморот и кратката подготовка се почувствувале во воведот, но тимот на време го пронашол својот ритам.

,, Имавме малку време за да се подготвиме за овој натпревар, игравме меч од ЕХФ Купот, распоредот беше згуснат. Првите петнаесет минути беше малку тешко, поради техничките проблеми со преносот влеговме и малку незагреани, но потоа влеговме во нашиот ритам и го приведовме мечот до крај. “

Исто така, Петриќ се осврна и на реваншот викендов против Дукла Прага во рамките на европските обврски, потенцирајќи дека и покрај високата предност, тимот нема право на опуштање.

,, Иако е девет разлика, не смееме да се опуштиме, одиме таму секако- да победиме, што повеќе можеме. После тоа веднаш нè чека Тинекс Пролет во Скопје..се надевам на продолжување на победничкиот ритам и на реваншот со Дукла, и во Скопје. “- изјави Петриќ.

Охрид продолжува во победнички ритам, балансирајќи меѓу домашната сцена и европските предизвици. Следува жешко гостување во Прага, но пораката од соблекувалната е јасна – фокус, дисциплина и уште една победа како цел. „Гладијаторите“ очигледно не планираат тука да застанат.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Шкендија со минимална негатива пред реваншот во Самсун

Македонскиот шампион Шкендија го загуби првиот натпревар од плејофот во УЕФА Конференциска лига против Самсунспор со 0-1 и со гол заостанување ќе патува...

Останато

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски стана првак со Тексас Универзитет откако во финалето го совладаа Охајо Стејт Универзитетот со 4:2 во рамки на...

Поврзани написи
Ракомет

Висла Плоцк ја однесе победата од Битола – Еурофарм Пелистер останува во тешка битка за нокаут-фазата

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер не успеа да направи изненадување против полскиот првак...

Ракомет

„Патуваме со предност, но без право на опуштање“ – Прибетиќ пред битката со Дукла

Со предност од девет голови од првиот натпревар во „Билјанини Извори“, ГРК...

Ракомет

Убедлива победа за Вардар Неготино против Кичево во Охрид!

Вечерва се комплетираше 15. коло во Првата ракометна лига односно првата пролетна...

Ракомет

Шампионот со нов ,,ѕид” на шест метри

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер продолжува со засилувањата за клучниот дел од сезоната....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!