Ракомет

Охрид е во победнички ритам – „рибарите“ сигурни против Бутел за седма суперлигашка победа по ред

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

ГРК Охрид продолжува да чекори во одличен ритам во машката ракометна Суперлига, откако на домашен терен го совлада Бутел Скопје со 33-28 во рамките на 21. коло. За охриѓани ова беше седма последователна победа во домашниот шампионат, со што дополнително ја потврдуваат фантастичната форма во која се наоѓаат.

Иако натпреварот дојде меѓу двете европски пресметки, заморот кај избраниците на српскиот стратег Борис Ројевиќ речиси и да не беше забележлив. Охрид настапи со комбиниран состав, но тоа не се одрази на квалитетот на играта. По израмнетиот почеток, домаќините го презедоа контролата во финишот на првото полувреме, казнувајќи ги грешките на противникот и заминувајќи на пауза со убедливи 17-11.

Во вториот дел „рибарите“ во еден момент стигнаа и до двоцифрена предност, по што следуваа ротации и распределба на минутажата. Бутел се обиде да се врати во игра и успеа делумно да ја намали разликата, но без реална закана за пресврт. Охрид сигурно го приведе натпреварот кон крај и впиша нови бодови со кои останува во самиот врв на табелата.

ФОТО: Спортска Мрежа

Најефикасни кај победникот беа Никола Ристески и Ален Ќосевски со по седум погодоци, додека Стефан Петриќ додаде шест. Значаен придонес имаше и голманот Бојан Блажески со 12 интервенции. Кај гостите се истакнаа Дејан Михајловиќ со перфектен учинок и Димитар Узунчев со шест гола.

Победата донесе голема радост меѓу охриѓани, а силната поддршка од трибините уште еднаш покажа дека „рибари“ се важен фактор во домашната сала. Со оваа серија триумфи, Охрид ја потврдува амбицијата да остане во самиот врв и во завршницата од регуларниот дел.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во последното суперлигашко коло Охрид ќе гостува кај Пролет 62, додека Бутел го очекува директна битка со Тиквеш за место во плеј-офот.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Маџари со триумф над Победа, Кадино го декласираше Ускуп со осум гола

Деветтата рунда на Четвртата лига РФС 1 во Гази Баба донесе две минимални победи, еден убедлив триумф со осум гола, а еден меч...

ФудбалЧетврта лига

Горски слави триумф над Плавник, Форца Нова убедлива, минималец за лидерот Раштани Спорт

Осмото коло на Општинската фудбалска лига на Велес донесе погодоци на сите мечеви, само една гостинска и четири домашни победи. Со голот на...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид со убедливи 32-23 против Горење – девет гола предност пред реваншот!

Ракометарите на Алкалоид направија голем чекор кон пласман во осминафиналето на ЕХФ...

Ракомет

Блажески со 15 одбрани го предводеше Охрид до осминафинале: „Овие два натпревари ги одигравме максимално!“

Охрид ја потврди својата европска амбиција и втора сезона по ред обезбеди...

Ракомет

ФОТО: Охрид меѓу најдобрите 16 во Европа – „гладијаторите“ со две убедливи победи го елиминираа Драгунас!

Ракометарите на Охрид продолжуваат со успешните настапи на европската сцена. Македонскиот суперлигаш...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!