Неверојатно возбудлив меч се одигра вечерва во битолската сала „Боро Чурлевски“ меѓу Пелистер и Куманово, а кој заврши со среќен крај за гостинскиот тим, откако славеше со 29:31 во рамки на првата пролетна рунда од Супер лигата во женска конкуренција.
Мечот започна со резултатска егал и игра гол за гол, а прва посериозна предност за Пелистер беше на плус четири при 9:5, а потоа и плус пет при 14:9 и 10:15, а предноста се зголемува и на највисоките плус шест за ракометарките на Пелистер кога имаа водство од 16:10, а на полувреме заминаа со предност од 16:11.
Во вториот дел Куманово започна да ја топи предност на битолскиот тим и почна да го стига откако во 50. минута резултатот беше 24:24. Пелистер успеа да дојде до водство од 26:25, а тоа беше и последно водство за битолскиот тим, откако гостинот успеа да го сврте резултатот и на три минути до крајот имаше 26:29. Во финишот Куманово ја потврди победата со конечни 29:31, а Пелистер беше многу блиску да запише трета сезонска радост и тоа ќе биде многу важна и клучна победа во битката за опстанок.
Анастасија Тодоровска го водеше Пелистер со 12 погодоци, но не беа доволни за победа, а пак кај Куманово прво име беше Мариана Силва Азеведо.
Во следното коло Пелистер ќе биде домаќин на фаворитот Чаир, а пак Куманово ќе гостува кај шампионот Ѓорче Петров.