Прва лигаФудбал

Фатјон Јусуфи ново офанзивно „оружје“ на Арсими

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Арсими продолжува со засилувањата во пресрет на продолжението од сезоната, а најново име во таборот на „жолто-црните“ е Фатјон Јусуфи. Станува збор за офанзивен играч за врска кој може да одговори и на напаѓачките задачи, со солидно искуство на домашната и меѓународната сцена.

Јусуфи во Чегране пристигнува од косовскиот Феризај, а со клубот потпиша договор на една и пол година. Во досегашната кариера го носеше дресот на ерменски Ширак Ѓумри и албански Партизани, додека на македонската сцена настапуваше за Струга Трим Лум, Шкупи, Ренова, Гостивар и Воска Спорт.

Од Арсими потенцираат дека се работи за фудбалер кој се истакнал со позитивни настапи и во домашните шампионати и на меѓународна сцена, а очекувањата се неговото искуство и квалитет да донесат дополнителна креативност и ефикасност во нападот.


Во Чегране веруваат дека Јусуфи ќе биде значајно засилување во борбата за подобри резултати во прволигашката конкуренција.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Брегалница се засили со Аљбан Мемеди

Второлигашот Брегалница се засили со Аљбан Мемеди кој доаѓа од редовите на Кожуф од Гевгелија, дознава Спортска Мрежа. 22-годишниот централен напаѓач треба да...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Каменица Саса се засили со Кристијан Чурлинов и Аљмир Цаколи

Второлигашот Каменица Саса се засили со Кристијан Чурлинов и Аљмир Цаколи. Двајцата веќе стапија потписи на договори со тимот од Македонска Каменица. 24-годишниот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Брегалница се засили со Аљбан Мемеди

Второлигашот Брегалница се засили со Аљбан Мемеди кој доаѓа од редовите на...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Каменица Саса се засили со Кристијан Чурлинов и Аљмир Цаколи

Второлигашот Каменица Саса се засили со Кристијан Чурлинов и Аљмир Цаколи. Двајцата...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентацијаФутсал

ВИДЕО: Втор триумф на футсал репрезентацијата на Македонија во дуелите против Австрија

Футсал репрезентацијата на Македонија забележа победа и во второто соочување со селекцијата...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со Лука Трајкоски

Второлигашот Кожуф од Гевгелија е посилен со Лука Трајкоски за пролетниот дел...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!