Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со Лука Трајкоски

Сподели
Сподели

Второлигашот Кожуф од Гевгелија е посилен со Лука Трајкоски за пролетниот дел од сезоната, откако во финишот на преодниот рок двете страни се договорија за соработка, ексклузивно дознава Спортска Мрежа.

Крилниот играч во Гевгелија пристигна од редовите на прилепска Победа кој е негов матичен клуб, а низ неговата кариера има настапувано и за Македонија ЃП, Тиквеш, Борец, Вардар и Детонит Плачковица.

Тренерот Иван Варадиновски добива проверено име, а штипскиот стратег со Трајкоски соработуваше во Детонит Плачковица, а сега одново двајцата ќе имаат соработка овој пат во Кожуф.


„Генералката“ Кожуф ја закажа за сабота против Детонит Плачковица во Гевгелија, а ова ќе биде можност за деби настап на прилепчанецот во дресот на Кожуф.

Пролетниот дел Кожуф го отвара на домашен терен против Брегалница од Штип.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!