РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Седлоски пред ждрепката: Ќе бидеме конкурентни за секого во Лига Б

Сподели
Сподели

Машката А Репрезентацијата на Македонија утре ќе ги дознае своите противници за новото издание на Лигата на нации, во кое нашата селекција за првпат во историјата ќе настапува во Лига Б.

Овие натпревари ќе претставуваат голем предизвик за актуелната генерација, но и добра можност селекторот Гоце Седлоски дополнително да го подготви тимот за квалификациите за Европското првенство кои започнуваат во 2027 година.

„Репрезентациите од првиот и вториот шешир објективно се фаворити поради нивниот рејтинг, искуство и континуитет на големите натпреварувања. Сепак, тоа не значи дека однапред се знае исходот. Нашата цел е да бидеме конкурентни на секој натпревар, да го наметнеме нашиот стил и да покажеме дека Македонија со право е дел од Лига Б.

Ќе ги почитуваме сите противници, но најмногу ќе веруваме во себе. Ако бидеме организирани и фокусирани од првата до последната минута, можеме да бидеме незгоден противник за секого. Овој циклус го гледаме како нов чекор напред и можност дополнително да го потврдиме нашиот квалитет.

Верувам дека репрезентацијата ќе напредува низ натпреварите во Лига Б и дека имаме добра основа за позитивни резултати“, изјави Седлоски во пресрет на ждрепката.

Ждрепката ќе се одржи утре во Брисел со почеток во 18:00 часот. Македонија се наоѓа во четвртиот шешир заедно со Шведска, Северна Ирска и Косово.

Носители се селекциите на Шкотска, Унгарија, Полска и Израел. Во вториот шешир се Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија и Украина, додека во третиот се Словенија, Грузија, Република Ирска и Романија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Второлигашот Каменица Саса се засили со Кристијан Чурлинов и Аљмир Цаколи

Второлигашот Каменица Саса се засили со Кристијан Чурлинов и Аљмир Цаколи. Двајцата веќе стапија потписи на договори со тимот од Македонска Каменица. 24-годишниот...

Прва лигаФудбал

Фатјон Јусуфи ново офанзивно „оружје“ на Арсими

Арсими продолжува со засилувањата во пресрет на продолжението од сезоната, а најново име во таборот на „жолто-црните“ е Фатјон Јусуфи. Станува збор за...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентацијаФутсал

ВИДЕО: Втор триумф на футсал репрезентацијата на Македонија во дуелите против Австрија

Футсал репрезентацијата на Македонија забележа победа и во второто соочување со селекцијата...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонија со пресврт до триумф против Австрија

Македонската футсал репрезентација со победа ги отвори контролните натпревари против селекцијата на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

🔴 Во ЖИВО: Македонија – Австрија

Следете го во живо натпреварот меѓу футсал репрезетнациите на Македонија и Австрија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!