Фудбалскиот клуб Арсими официјално го потврди враќањето на Арлинд Алити во своите редови, со што дополнително ја зајакнува дефанзивната линија пред продолжението на сезоната. 26-годишниот фудбалер повторно ќе го носи жолто-црниот дрес, откако во изминатите шест месеци настапуваше во Косово.
Алити доаѓа од редовите на косовскиот Велазерими, а претходно беше дел и од Фероникели. Во македонскиот фудбал има богато искуство, со настапи за Воска Спорт, Шкендија Арачиново, Ренова и Струга Трим Лум.
Дефанзивецот веќе еднаш остави силен впечаток во Арсими, каде важеше за еден од клучните играчи во историскиот пласман на клубот во Првата лига. Од клубот истакнуваат дека се убедени оти неговиот квалитет, борбеност и посветеност повторно ќе бидат голем адут во претстојните предизвици.
Со враќањето на Алити, Арсими добива проверено и сигурно решение во одбраната, а очекувањата се тој брзо да се вклопи и да даде значаен придонес во натпреварите што следуваат.