Прва женска фудбалска лигаФудбал

„Golden Girl“ под лупа: Скаути на Атлетико Мадрид во Белград поради Меланија Грозданова

Сподели
Сподели

Името на Меланија Грозданова (17) повторно е во центарот на европското фудбалско внимание. По четиридневниот собир на А-репрезентацијата на Македонија, „Golden Girl“ MG7 веќе денес се наоѓа во Белград со својот клуб Љуботен, каде ќе одигра пријателски натпревар против Црвена Звезда – еден од најголемите клубови во регионот.

Главната вест, сепак, доаѓа надвор од теренот. Според ексклузивни информации на Спортска Мрежа блиски до скаутските кругови, натпреварот во Белград ќе го следат емисари на Атлетико Мадрид, кои специјално допатуваа за во живо да го проследат настапот на најталентираната фудбалерка што Македонија некогаш ја имала. Шпанскиот гигант сериозно го следи развојот на Меланија Грозданова и сака одблизу да ја види против силен противник.

Ова е уште една потврда дека Меланија денес е под радарот на речиси целата фудбалска Европа. По интересот од неколку водечки клубови од Италија, во трката сега се вклучува и Шпанија – земја која во последните години го диктира темпото во женскиот фудбал. Скаутите на мадридски Атлетико пристигнуваат во Белград со јасна цел: од прва рака да ја проценат фудбалерката за која со месеци се зборува како за идна ѕвезда на европската сцена.

Дуелот против Црвена Звезда ќе има дополнителна тежина и поради фактот што станува збор за фудбалерка од која се очекува многу и во новиот, подмладен состав на А-репрезентацијата на Македонија. Стручниот штаб, но и јавноста, ја гледаат Меланија како клучна фигура околу која треба да се гради играта и амбициите во претстојните квалификации за Светското првенство, кои започнуваат на почетокот на март.

Интересот на Атлетико Мадрид не е случаен. Грозданова зад себе има силен континуитет на настапи, како на клупско, така и на репрезентативно ниво, и тоа и покрај нејзините многу млади години. Токму поради тоа, секој нејзин настап во овој период е под будното око на европските скаути.

Вреди да се истакне и дека менаџерот на Меланија доаѓа од Белград, па претставниците на шпанскиот клуб ќе престојуваат во негово друштво за време на овој натпревар, што дополнително ја потврдува сериозноста и нивото на интерес што моментално владее околу македонската „Golden Girl“.

Белград денес е многу повеќе од место на еден пријателски натпревар. Тој ќе биде сцена на која Меланија Грозданова уште еднаш ќе потврди дека е фудбалерка чие време допрва доаѓа и дека околу нејзиното име веќе сега се вкрстуваат погледите на најголемите клубови во Европа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Второлигашот Каменица Саса се засили со Кристијан Чурлинов и Аљмир Цаколи

Второлигашот Каменица Саса се засили со Кристијан Чурлинов и Аљмир Цаколи. Двајцата веќе стапија потписи на договори со тимот од Македонска Каменица. 24-годишниот...

Прва лигаФудбал

Фатјон Јусуфи ново офанзивно „оружје“ на Арсими

Арсими продолжува со засилувањата во пресрет на продолжението од сезоната, а најново име во таборот на „жолто-црните“ е Фатјон Јусуфи. Станува збор за...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Каменица Саса се засили со Кристијан Чурлинов и Аљмир Цаколи

Второлигашот Каменица Саса се засили со Кристијан Чурлинов и Аљмир Цаколи. Двајцата...

Прва лигаФудбал

Фатјон Јусуфи ново офанзивно „оружје“ на Арсими

Арсими продолжува со засилувањата во пресрет на продолжението од сезоната, а најново...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентацијаФутсал

ВИДЕО: Втор триумф на футсал репрезентацијата на Македонија во дуелите против Австрија

Футсал репрезентацијата на Македонија забележа победа и во второто соочување со селекцијата...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со Лука Трајкоски

Второлигашот Кожуф од Гевгелија е посилен со Лука Трајкоски за пролетниот дел...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!