Фудбал

Муамед Сејдини доби двегодишна забрана за вршење функција во ФФМ

Сподели
Сподели

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија, постапувајќи по пријава на Управниот одбор, му изрече дисциплинска мерка забрана за вршење функција во траење од две години на Муамед Сејдини, делегат на Собранието на ФФМ.

Санкцијата е изречена поради сторено дејствие „измама и доведување во заблуда орган на фудбалска организација“, согласно член 84 од Дисциплинскиот правилник.

Како што е утврдено, Одборот за итност на ФФМ на 27 ноември 2024 година прифатил понуда од ДПТУ „Енергоинвест Трејд“ ДОО Скопје за изградба на трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, во вредност од 202.919.610 денари без ДДВ, без услов за авансно плаќање, при што Сејдини бил овластен да го потпише договорот.

Одлуката подоцна била потврдена и од Управниот одбор на ФФМ. И покрај тоа, на 3 декември 2024 година, Сејдини потпишал договор со вметнат услов за авансно плаќање од 20 проценти, кој не бил дел од прифатената понуда. Авансот бил исплатен без обезбедена банкарска гаранција и без соодветно овластување.

Со ваквото постапување, Дисциплинската комисија утврди дека Муамед Сејдини го довел во заблуда Управниот одбор на ФФМ и  нанел сериозна материјална штета на Федерацијата, поради што му е изречена двегодишна забрана за вршење функција.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка конкуренција, откако освојувачот на двојната круна од ланската сезона со убедливи...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб. Алтипармаковски ќе го преземе сениорскиот тим и ќе го предводи гевгелискиот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб....

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со...

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!