Ракомет

Зимската пауза заврши: Стартува ракометната Суперлига – најголема борба досега за титулата!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Зимската пауза во ракометната Суперлига заврши – од денес со натпреварите од 19. коло продолжува ракометната елита на Македонија.

Останува да се одиграат уште четири кола од регуларниот дел, по што ќе се формира плеј-офот и плеј-аутот каде ќе се разигрува за титула и излез во Европа односно за опстанок во Суперлигата.

Ќе има „жешка“ пролет за титулата – борба каква до сега немала со четири екипи, Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид во трка за шампион на Македонија.

Во долниот дел од табелата работите се кристално јасни – „фенерџијата“ Радовиш кој нема бодови и практично е без позитивен резултат е прв кандидат за испаѓање и речиси и ќе биде така, а Струга ќе води битка со Куманово за да се избегне претпоследното место кое води кон баражот за опстанок, откако стружани минатата сезона играа бараж за опстанок против Мулти Есенс во Прилеп и на тој начин изборија опстанок.


Денес Охрид на домашен терен како голем фаворит ќе игра против Прилеп, а во рамки на првата пролетна рунда, Вардар го пречекува Куманово, Струга ќе игра против Бутел, во Битола ќе се соочат „браќата“ Еурофарм Пелистер против Еурофарм Пелистер 2. Тиквеш ќе игра со Радовиш, а пак Алкалоид со Пролеп.


Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Тесна трка за „Златната копачка“: Тројца стрелци веќе имаат по пет гола во Трета лига регион 3

По четири кола во Трета лига регион 3 дури тројца играчи го делат врвот од листата на најдобри стрелци, а имаат постигнато по...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи кои во целост разочараа, ако се земе предвид фактот со какви...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!