Кошарка

Кошаркарите на Гевгелија на врвот во Аматерската лига, Шар Планина е на второто место!

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

По девет одиграни кола во Аматерската кошаркарска лига која е трета по ранг на натпреварување и натаму лидер е тимот на Гевгелија со 17 бодови. Ефектот е осум победи и едно реми на девет одиграни натпревари.

Зад Гевгелија е Шар Планина како второпласирана со 16 бодови и ефект од седум победи и два порази.

Со ефект од пет победи и четири порази и 14 освоени бодови – екипите на Винеам од Виница и ИБА Скопје се на делба на третото место на табелата.

Со по 13 бодови битолските екипи Хераклеа и Конзули го делат петтото место, а ефектот на овие екипи е идентичен – четири победи и пет порази.


Тимот на Чаир е седми или претпоследен со 11 бодови на своето конто и има учинок од две победи и седум порази, а на само дно е „закован“ тимот на Дибра Еаглс од Дебар со само една победа и осум порази и десет бодови на своето конто.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
Кошарка

Маџари убедлив против Кожув, Куманово со силна завршница го совлада Гостивар

Кошаркарите на Маџари и МКК Куманово остварија важни победи во новото коло,...

Кошарка

Чаир го совлада Работнички во драматична завршница, продолжи кризата на „црвено-белите“

Кошаркарите на Чаир 2030 остварија значајна победа над Работнички со 75:73 во...

КошаркаКошаркарска репрезентација

Прв тренинг на кошаркарките за мартовскиот ФИБА „прозорец“

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги започна мини подготовките во Скопје...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!