Ракомет

Ракометарките на Астибо со меч да се биде или не: Против Ѓорче Петров 2 за место во плеј-оф!

Сподели
Сподели

Ракометарките на Астибо утре играат важен меч со цел да фатат место во плеј-оф од Суперлигата против дебитантот Ѓорче Петров 2.

Како што велат од штипскиот клуб за нив ова ќе биде натпревар да се биде или не, па затоа Астибо бара максимална поддршка од трибините на мечот кој го играат во спортската сала „Тошо Арсов“ во Штип, утре од 18 часот.

„Почитувани љубители на ракометот, ве покануваме да го проследиме заедно овој важен натпревар за нас, затоа што со победа влегуваме во играта за плеј-оф! Вашето присуство е потребно повеќе од било кога и затоа ве очекуваме сите во што е можно поголем број во Четврток во спортскиот храм Тошо Арсов, со почеток од 18:00 часот. Со екипата на ЖРК Ѓорче Петров 2, во гости успеавме да победиме и да се радуваме, па ајде да го направиме тоа и на домашен терен и радоста да биде уште поголема“, се вели во клупското соопштение на штискиот суперлигаш.

Што се однесува до табелата и комбинации. Чаир е прв со 12 бодови сигурен во плеј-оф, Скопје е втор со девет бодови, а пак Астибо е трет со осум бодови, но Скопје има натпревар повеќе.

Во рамки на 9. коло Скопје ќе игра против фаворитот Чаир, каде Чаир би требало да ги освои двата бодови, а пак Астибо доколку слави над Ѓорче Петров 2 ќе избие на второто место со 10 бодови или бод повеќе од Скопје, но и меч повеќе.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно...

Ракомет

Вардар ја освои Битола и е на чекор од шампионската титула

Вардар 1961 извојува огромна победа во дербито на македонскиот ракомет, откако на...

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!