Европско првенство 2026Ракомет

Финален ден на ЕП 2026: Данска и Германија во битка за европската круна, Хрватска и Исланд за бронза

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Со денешните натпревари за медали ќе биде спуштена завесата на Европското првенство во ракомет 2026. Во Хернинг, пред преполнетата „Јиске Банк Боксен“, Европа ќе го добие новиот шампион, а програмата започнува со дуелот за третото место.

Од 15:15 часот, Хрватска и Исланд ќе се борат за бронзениот медал. Исланѓаните по 16 години имаат шанса повторно да се искачат на подиумот, додека Хрватска атакува на својот седми европски медал и второ одличје во една година, по среброто на СП 2025. Двата тима веќе се сретнаа во главната рунда, кога Хрватска му го нанесе првиот пораз на Исланд на турнирот.

Кулминацијата следи од 18:00 часот, кога во големото финале ќе се судрат Данска и Германија. Домаќинот важи за апсолутен фаворит – селекцијата на Николaj Јакобсен одигра доминантен турнир, со само еден пораз, оној изненадувачкиот од Португалија во групната фаза. Во продолжение, Данците редеа убедливи победи, меѓу кои и онаа против Германија во главната рунда (31-26), а во полуфиналето со 31-28 го совладаа Исланд.

Германија, пак, е едно од најпријатните изненадувања на шампионатот. Тимот на Алфред Гисласон покажа зрелост и карактер, а во полуфиналето со идентични 31-28 беше подобар од Хрватска. За „панцерите“ ова е прво финале на ЕП по 2016 година, а мотивот е огромен – реванш против Данска и крај на децениското чекање на европската титула.


Историјата и статистиката силно се наклонети кон Данска. Скандинавците доминираат во меѓусебните дуели во последните години, а Германија нема победа против нив од 2016 година. Данска брка трет европски трофеј (2008, 2012), но и нешто повеќе од обична титула – злато на ЕП кое го чека 14 години, по четири светски и две олимписки титули во меѓувреме.


Еден од клучните адути на Данска е фантастичниот Матијас Гидсел, прв стрелец на турнирот, кој игра речиси без одмор и е вистински мотор на екипата. Сепак, Данците имаат и одредени грижи, особено во средниот блок, поради повредите на неколку клучни дефанзивци.

Кај Германија, надежта лежи во голманот Андреас Волф, кој ќе стане рекордер по број на настапи за Германија на ЕП, како и во креативноста на Јури Кнор. За да се случи изненадување, „панцерите“ ќе мора да одиграат речиси совршен натпревар.

Сите очи вечерва ќе бидат вперени во Хернинг, каде што не очекува спектакуларен финиш на уште едно возбудливо Европско првенство, со судир на германската дисциплина и данската офанзивна моќ.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Поврзани написи
Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Томче Трајчевски ја засили Преспа, ресенчанецот се врати дома

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови,...

Ракомет

Кукуловски „грмеше“ од девет метри: седум гола за победничко деби во Металопластика!

Поранешниот ракометар на Охрид, Дејан Кукуловски, со одлична индивидуална партија го започна...

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!