Останато

Одбојкарскиот репрезентативец Владо Милев ја напушти Струмица и ќе игра во Унгарски клуб

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Владо Милев повторно ќе настапува во странство. Искусниот одбојкар на паузата во првенството ја прекина соработката со актуелниот шампион Струмица 47&72, каде што воедно ја извршуваше и функцијата претседател на клубот, а кариерата ќе ја продолжи во унгарскиот тим Казинбарчика.

Унгарскиот клуб е добро позната средина за Милев, кој претходно настапуваше таму во периодот од 2017 до 2019 година. Во тие две сезони со Казинбарчика освои две шампионски титули и еден трофеј во Купот.

Милев и Казинбарчика се договорија за соработка до крајот на сезоната, а трансферот ќе му овозможи да остане во врвна натпреварувачка форма во пресрет на настапите со репрезентацијата. Македонската селекција оваа година ја очекуваат предизвици во Европската лига 2026, како и учеството на Европското првенство кое ќе се одржи во септември во Софија.

Со овој ангажман, Владо Милев ќе биде вториот македонски интернационалец во Унгарија, откако претходно Александар Љафтов се пресели во МАВ Елоре.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!