Футсал

Енхалон преку Аџиоски го совлада Конзули

Сподели
АРХИВА
Сподели

Струшки Енхалон стигна до своето второ сезонско славје откако во последниот меч со кој беше комплетирано 4. коло од Втората футсал лига славеше со 4:2 над Конзули од Битола.

Во првиот дел мрежите мируваа, а во вториот дел беа постигнати шест погодоци на мечот кој се одигра во Лабуништа.

Со два брзи гола во вториот дел на Стојче Аџиоски домашниот тим имаше водство од 2:0. Гостинот преку Алмир Бајрами во 31. минута намалин а 2:1, а потоа Енхалон преку искусниот Нико Пластиновски и Дејан Груевски дојде до водство од 4:1. Во финишот на мечот Филип Тасевски ги постави конечните 4:2.

Конзули го впиша својот трети сезонски пораз и се наоѓа на 11. место на табелата, а пак Енхалон со шест бодови е на осмата позиција.

Извештајот на Спортска Мрежа за останатите натпреварите можете да го прочитате овде.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

ФудбалФутсал

Прва радост за Овче Поле преку Никола Стојковиќ, дебитантот Шутка 1 поразен во Свети Николе

Поранешниот прволигаш Овче Поле во четвртото коло на Втората футсал лига стигна...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!